Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 115.164.218.249 (разговор), вратено на последната верзија на P.Nedelkovski
Ознака: Отповикување
Дополнување
Ред 17:
'''Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил''' (вистинско име '''Ѓорѓи Милошев'''; [[Скопје]], [[17 април]] [[1912]] - [[4 март]] [[1996]]) — третиот архиепископ по возобновувањето на [[МПЦ|Македонската православна црква]].
 
Гаврил бил првиот претседател на Друштвото на преведувачите на Македонија. Во [[19861977]] година, отец Ѓорѓи Милошев се замонашил и по хиротонисувањето за архиереј бил прв декан на [[Богословски факултет (Скопје)|Богословскиот факултет]] во [[Скопје]]. Во [[1986]] година бил избран за архиепископ на МПЦ. Веднаш по застанувањето на престолот, тој ги продолжил веќе започнатите проекти на неговиот претходник [[Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј|Доситеј]]. Ова пред сè се однесувало на изградбата на [[Црква „Св. Климент Охридски“ - Скопје|црквата Свети Климент Охридски]] во [[Скопје]], формирањето на Богословскиот факултет и издавањето на [[Библија]]та на [[македонски литературен јазик]]. Гаврил бил првиот македонски архијереј кој ја обновил древната традиција, фрлање крст во реката [[Вардар]].
 
Архиепископот Гаврил се повлекол од престолот во [[1993]] година поради старост. Починал во [[1996]] година и е погребан во манастирот „Свети Наум“ во [[Радишани]] крај [[Скопје]].
Ред 25:
Архиепископ Гаврил е роден во [[Скопје]] во [[1912]] година, како Ѓорѓи Милошев. Младоста ја минал во молитви и божји богослуженија во скопските цркви „Св. Петка“, „Св. Богородица“ и „Св. Мина“. Согледувајќи ги неговите квалитети, како одличен студент, скопската општина му доделила едногодишна стипендија по [[веронаука]], а наставниците му биле [[Руси]]. Смртта на неговиот татко била причина да не може да ја оствари својата желба и се посветил на изучување на јазици. Во [[1936]] година дипломирал на [[Филозофски факултет - Скопје|Филозофскиот факултет]] во Скопје, отсек германистика и славистика.
 
Во [[Скопје]] бил ракоположен за свештеник, а бил поставен за парох во влашката црква „Света Богородица“ во [[Велес]]<ref>{{Наведено списание|last=Гиревски|first=Ацо|date=2007|title=Првични сознанија за книжевната оставштина на Кочо Рацин од професорот Ѓорѓи Милошев|url=|journal=|publisher=Менора|volume=|pages=|doi=}}</ref> во [[1942]] година.
 
== Период по војната ==
Ред 33:
=== Дело===
 
Со оглед на општестевно-политичките прилики во земјата во повоениот период и потребата од високообразовани кадри, бил принуден на неодредено време да престане активно да се бави со свештеничката дејност и целосно да се посвети на просветата. Од [[1949]] година бил на служба во Државното книгоиздателство на Македонија – Скопје (подоцна „[[Просветно дело]]“). Оттогаш, па сè до смртта, скоро цели триесет години тој му се посветил на учебникарството и на просветителството. Поточно тој најмногу се посветил на усовршување и стандардизирање на македонскиот литературен јазик. Во овој период тој составил и издал прирачници, учебници, речници и училишна литература, па дури и периодика. Посебно за истакнување е неговиот научен пристап кон делата на [[Кочо Рацин]] и [[Војдан Чернодрински]]. Тој е еден од првите истражувачи од македонскиот научен свет кој се појавил со написи и анализи за опусот на поетот [[Кочо Рацин]].
 
Во овој период започнал да се создава и развива и црковно-просветната дејност, во која отецот Ѓорѓи зел активно учество. Како плод на неговата неуморна работа, за првпат во овој период за потребите на богослужбата, биле преведени и издадени на [[македонски јазик]] Евангелијата и Апостолот. Издавач на ова дело бил [[Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ]].
Ред 40:
 
По триесетгодишна дејност, отецот се повлекол во пензија.
 
==== Автор е на книгите: ====
 
* Галички свадбарски народни песни, 1946
* Пионерска сцена, 1954 (заедно со Васил Куноски)
* Деца јунаци, 1959
* Германско-македонски речник, 1962 (заедно со Бранислав Груиќ и Лазар Алексовски)
* Мал германско-македонски речник, 1962 (заедно со Бранислав Груиќ и Лазар Алексовски)
* Транскрипција на германските зборови во македонскиот литературен јазик, 1963
* Српско-хрватско-македонски речник, 1964 (заедно со Бранислав Груиќ, Михаил Ќорвезировски, Борис Благоевски и Александар Џукески)
* Мал македонско-германски речник, 1966 (заедно со Маргарита Алексовска и Бранислав Груиќ)
 
=== Периодот пред да стане архиепископ===
Ред 45 ⟶ 56:
По смртта на сопругата, кон крајот на [[1977]] година, отецот Ѓорѓи бил повикан од [[Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј|г.г. Доситеј]], возобновителот на Охридската архиепископија, односно на МПЦ, да прими епископски чин. Како просветител кој ја знаел потребата и важноста за Црквата од формирање на кадар со високо црковно образование, отецот Ѓорѓи Милошев, го условил стапувањето во архијерејскиот ред со отворање на Богословски факултет.
 
Така што кон крајот на [[декември]] [[1977]] година, по десетгодишно автокефално дејствување на Македонската православна црква (1967 – 1977) или по дваесетгодишно возобновено живеење на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ (1958 – 1977) бил формиран Богословскиот факултет, со седиште во манастирот „Св. Јован Крстител“ во Капиштец, во Скопје. За прв декан на факултетот бил избран самиот отецГаврил.
 
=== Митрополит на Повардарската епархија ===
 
На [[18 ноември]] [[1977]] година, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква на синодска седница одлучила да се оформи посебна [[Повардарска епархија]], а архиереј на епархијата бил назначен Гаврил<ref>http://povardarska-eparhija.org.mk/pe/index.php?option=com_content&task=view&id=43&Itemid=54</ref>. На [[29 јануари]] [[1978]] година Гаврил бил устоличен во Повардарски митрополит. Тој бил седмиот по ред архиереј хиротонисан епископ по обновувањето на Охридската архиепископија.
 
Седнувајќи на престолот на повардарските епископи митрополитот Гаврил се соочил со сите потешкотии во Повардарската епархија, како што се недостигот на свештеници, поправка на руинирани свети места и изградба на нови македонски православни светилишта. Во текот на оваа декада, како владика во Повардарската митрополија, Гаврил ја стабилизирал епархијата на духовен и материјален план и ја изградил новата митрополитска зграда во Велес.
 
=== Архиепископ на МПЦ ===
Ред 57 ⟶ 68:
По трагичната смрт на [[Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј|архиепископот г.г. Ангелариј]], во [[Црква Света Софија (Охрид) |катедралниот храм „Света Софија“]] во [[Охрид]], претставниците на Изборниот црковно-народен собир со тајно гласање го избрале Гаврил за трет поглавар на МПЦ. На [[4 октомври]] [[1986]] година во катедралниот храм „Света Софија“ во [[Охрид]] г.г. Гаврил бил устоличен како нов поглавар на Македонската православна црква.
 
На [[18 октомври]] [[1990]] година г.г. Гаврил го промовирал капиталното дело македонскиот превод од Библијата, издадено од печатницата на „''Љубљанско дело''“ во [[Љубљана]], [[Словенија]]. На промоцијата на македонската Библија г.г. Гаврил истакнал дека овој историски чин нема само религиско значење, туку во исто време има и општествено значење, па затоа е огромна неговата големина. На македонскиот превод на Библијата, работел повеќе од 50 години.
 
Архиепископот Гаврил, заради старост и кревкото здравје, поднел оставка, а од [[1993]] година до неговата смрт се повлекол во осамување во неговиот стан и ниту еднаш не излегол од него сѐ до неговата смрт. Починал во [[1996]] година и е погребан во манастирот „Св. Наум“ во [[Радишани]] крај [[Скопје]].
 
== Значење ==