Отвори го главното мени

Промени

Нема измена во големината ,  пред 1 година
правопис - црвеникав
Кетрин од Арагон била играна и на филм, драми, книги, телевизија итн. па поради тоа е запаметена и ден денес. Досега немало филм или телевизиска серија во која таа е главна улога, иако има исклучок во првата епизода од ''''Шесте сопруги на Хенри VIII'''', приказна раскажана од нејзина гледна точка. Во нејзина улога се појави [[Анет Крозби]]. Исто така, има многубројни романи, песни, поеми напишани за неа. Претставата на Шекспир, ''Хенри VIII'', многу добро ја прикажува Кетрин, како и нејзината изјава на суд за валидноста на својот брак. Меѓутоа, остатокот од претставата е обид за ослободување од вина за мнозинството, особено за Хенри VIII (тој е прикажан како невин пион на кардиналот Вулзи, и претставата запира пред погувањето на Ана Болејн), а исто така, важни настани се или изменети или избегнати.
 
Иако на филм Кетрин е портретирана како типична Шпанка, со темна коса и очи и маслинест тен, сепак, постоечките портрети и современите описи ја опишуваат како жена со сини очи, блед тен и црвенкастацрвеникава коса, карактеристични црти за луѓето од Арагон, земјата на нејзиниот татко. Често ја играат со шпански акцент. Според доказите, тоа е точно бидејќи никогаш целосно не го совладала англискиот јазик. Покрај тоа, таа имала и англиско потекло, преку нејзините предци, Кетрин од Ланчестер и Филипа од Ланчестер, ќерки на Џон од Гент, првиот војвода од Ланчестер.
 
== Поврзано ==