Смрдлива Вода: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
правопис - црвеникав
Ред 10:
* Минерални извори кај народот познати како „Смрдлива вода“ од каде што и целиот локалитет го добил своето име. Се нарекуваат така поради непријатната миризба на водата на „расипано јајце“. По својот хемиски состав се [[Хидрокарбонати|хидрокарбонатни]], [[Минерали|минерализирани]], [[слабо кисели води]]. Се користат преку пиење за лекување на стомачните заболувања, потоа камен во бубрегот, песок и поситен камен во мочните патишта, воспаление во мочните органи и сл. Чистиот планински воздух и лековитоста на водата придонеле таа да се користи од локалното население уште меѓу двете светски војни, а по втората светска војна се изградиле и сместувачки локалитети за сместување и престојување на посетителите.
* Терени погодни за развој на планинарењето и спортот, особено во [[Аџибарица|месноста Аџибарица]], односно во изворишниот дел на [[Конска Река|реката Цреша]].
* Пространи дабови и букови шуми како и [[гол човек]] (''Arbutus andrachne''), единствено зимзелено дрво коешто двапати годишно ја менува својата црвенкастацрвеникава и лушпеста кора. Интересно е тоа што кога ќе го допрете, имате чувство дека допирате нежна човечка кожа. Лисјата му се јајцевидни, а цветовите распоредени како гроздови.
* Квалитетна клима и разновиден дивеч, меѓу кои како раритет се јавува и еленот.