Претседател на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
сНема опис на уредувањето
Ред 20:
 
'''Претседател на Република Македонија''' — [[шеф на држава]]та и [[врховен командант]] на [[АРМ|воените сили]] на [[Македонија]]. Институцијата ''претседател на Македонија'' е воведена по прогласувањето на независноста на државата на [[8 септември]] [[1991]] година. Првиот претседател на Македонија бил [[Киро Глигоров]], најстариот претседател во светот сè до завршувањето на неговиот мандат во [[1999]] г. Овластувањата на Претседателот на Македонија главно се церемонијални. Претседателот на Македонија мора да биде државјанин на истата, да е на возраст од барем 40 години и да живеел во Македонија најмалку 10 години во последните 15 години.<ref>[http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=61207287&lId=2&pmId=501 Macedonian Information Agency] {{en}}</ref>
 
== Права ==
Според член 84 од Уставот на Република Македонија, претседателот на државата ги има следниве права:
* го определува мандатот за состав на Владата на Република Македонија
* ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство
* ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници
* предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија
* предлага двајца членови на Републичкиот судски совет
* именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Македонија
* ги предлага членовите на Советот за меѓунационални односи
* именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон
* доделува одликувања и признанија во согласност со закон
* дава помилување во согласност со закон
* врши други функции во согласност со Уставот.
 
== Лидери на Македонија (1943 - денес)<ref>[https://archive.is/20120917214122/www.terra.es/personal2/monolith/macedoni.htm Leaders of Macedonia] {{en}}</ref> ==