Африка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправка на правопис - не можејќи
Ред 50:
=== Достигнување во трговијата со робови ===
Ропството беше долго време присутно во Африка. Помеѓу VII и XX век, арапската трговија со робови (позната како и ропство на Истокот)преку Сахара и Индискиот Океан, зема 18 милиони робови од Африка. Помеѓу XV и XIX век (500 години), атлантската трговија со робови зема проценети 7-12 милиони робови во Новиот свет. Во Западна Африка, намалувањето на атлантската трговија со робови во 1820-ите предизвика драматични економски промени во локалните државни уредувања. Постепеното намалување на тргувањето со робови, предизвикано од недостаток на побарувачка на робови во Новиот свет, со зголемено анти-робовско законодавство во Европа и Америка, и со зголеменото присуство на Британската Кралска Морнарица на крајбрежјето на Западна Африка, ги обврза африканските држави да присвојат нови економии. Помеѓу 1808 и 1860 година, Британската Западно-Африканска Ескадрила заплени приближно 1.600 робовски бродови и ослободи 150.000 Африканци кои се наоѓаа надвор од земјата.
Се покрена акција против африканските лидери кои одбиваа да се согласат со британските договори за прогласување на трговијата надвор од законот, на пример против ,,узурпирање на Кралот на Лагос”, кој беше симнат од престолот во 1851. Преку 50 африкански владетели ги потпишаа анти-робовските договори. Најголемите сили на Западна Африка: Конфедерацијата Асанте, Кралството на Дахомеј и Царството Ојо , присвоија разни начини на присбособување на промената. Асанте и Дахомеј се концентрираа на развојот на ,,законска трговија” во форма на маслена палма, какао, дрва за градежништво и злато, така што го создадоа темелот на денешната извозна трговија на Западна Африка. Царството Ојо, неможејќине можејќи да се приспособи, западна во граѓански војни.
Колонијализмот и ,,Борбата за Африка”
Кон крајот на XIX век, европските владеачки сили се окупираа со главна борба за територија и окупираа поголем дел од континентот, со тоа што создадоа многу колонијални територии и оставија само две потполно независни држави: Етиопија (кај европејците позната како ,,Абисинија”) и Либерија. Египет и Судан не беа официјално вклучени во некое од европското колонијално владеење; сепак, по британската окупација во 1882, Египет беше делотворно под британско владеење се до 1922.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Африка