Џанлујџи Буфон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 25:
 
== Кариера ==
Џанлујџи Буфон својата фудбалска кариера ја започнал во клубот [[ФК Парма|Парма]] во [[1995]] година. Бил член на Италијанската олимписка репрезентација во [[1996]] на [[Летни олимписки игри 1996|Олимписките игри]] во [[Атланта]]. Првиот професионален натпревар го одиграл во [[Серија А]] против [[ФК Милан|Милан]]. По одличните настапи во дресот на Парма добил повик за настап во репрезентацијата, за да го замени одличниот [[Џанлука Паљука|Паљука]] во квалификациите за [[Светско првенство во фудбал 1998|Светското првенство во фудбал]] во [[1998]] година против [[Фудбалска репрезентација на Русија|Русија]] во [[Москва]]. Бил повикан и на финалниот турнир за Светското првенство, но не одиграл ниту еден натпревар. Кога и помогнал на Италија во [[Квалификации за европско првенство во фудбал (2000)|квалификациите]] за [[Европско првенство во фудбал 2008|Европското првенство]] во 2000 година.

== Јувентус ==
Во [[2001]] преминал од [[ФК Парма|Парма]] во [[ФК Јувентус|Јувентус]] за 48.5 милиони евра, со што станал најскап голман во светот, а тој износ и до ден денеска не е надминат. Играл на [[Светско првенство во фудбал 2002|Светското првентсво 2002]] година.
 
Во [[2003]] година [[УЕФА]] го прогласил за најкорисен играч и најдобар голман.<ref>{{cite web|title=UEFA Club Football Awards|url=http://www.uefa.org/uefa-best-player-award/news/newsid=1639472.html|website=http://www.uefa.org|accessdate=10 February 2015}}</ref> Во [[2004]] година, [[Пеле]] го сместил помеѓу 125 најдобри играчи. Истата година настапил на [[Европско првенство во фудбал 2004|Европското првенство]] во [[Португалија]]. На [[Светско првенство во фудбал 2006|Светското првенство]] во 2006 година примил само 2 гола (еден автогол на [[Кристијан Ѕакардо|Ѕакардо]], а вториот од пенал од [[Зинедин Зидан|Зидан]] во финалето). Буфон го сочувал својот гол 453 минути, што го пласирал на петто место на несовладливи голмани на сите светски првенства. На тоа првенство [[Фудбалска репрезентација на Италија|Италија]] ја освоила титулата Светски првак. ФИФА повторно го прогласила за најдобар голман во [[2006]] година. Тој е рекордер меѓу голманите во [[Серија А]], каде бил избран за ''Голман на годината'' 8 пати.
Ред 32 ⟶ 35:
 
На 13 ноември 2017 година Буфон го одиграл својот последен 175-ти меѓународен натпревар, во реванш дуелот од баражот за [[Светско првенство во фудбал 2018|Светското првенство во фудбал 2018]] против [[Шведска]], на стадионот [[Сан Сиро]] во [[Милано]]. Натпреварот завршил со нерешен резултат 0-0, со што италијанците не успеале да го надоместат дефицитот од еден гол на шваѓаните од првиот натпревар и така не успеале да се квалификуваат на Светско првенство за првпат по 60 години. Во текот на натпреварот, Буфон исто така го изедначил и рекордот на [[Фабио Канаваро]] како играч со најмногу настапи за Италија како капитен. Веднаш по крајот на натпреварот, тој најавил повлекување од националниот дрес со рекордни 175 настапи во него.
=== Париз Сен-Жермен ===
На 6 јули 2018 година, Буфон потпишал едногодишен договор со опција за продолжување на уште една година со францускиот Парис Сен Жермен.<ref>{{cite web|url=https://www.football-italia.net/124103/official-psg-sign-buffon|title=OFFICIAL: PSG sign Buffon|publisher=Football Italia|date=6 July 2018}}</ref><ref>{{Cite news|url=https://www.bbc.co.uk/sport/football/44741632|title=Gianluigi Buffon: Paris St-Germain complete signing of Juventus legend|date=2018-07-06|work=BBC Sport|access-date=2018-07-06|language=en-GB}}</ref>
 
== Титули ==