Паскал Митревски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 23:
Роден е во село [[Чука (Костурско)|Чука]], [[Костур]]ско, а живеел во гратчето [[Хрупишча]]. Член е на [[Комунистичка партија на Грција|КПГ]] од пред [[Втората светска војна]], по професија адвокат.
 
На [[16 јуни]] [[1943]] година Митревски стапил во редовите на Грчката народноослободителна војска ([[ЕЛАС]]). Од јули до декември [[1943]] година е командант на специјална македонска партизанска единица во Костурско. Од декември 1943 година e секретар на [[СНОФ]] за Костурско. На [[3 декември]] [[1944]] година е секретар на Политичката комисија на Македонците во Егејска Македонија. Од [[23 април]] [[1945]] до ноември [[1946]] година е секретар на Главниот одбор на [[НОФ|Народноослободителниот фронт]] (НОФ), а потоа станува член на Покраинскиот комитет на [[КПГ]] за Македонија. Од јануари [[1948]] година бил секретар и претседател на [[НОФ]], а од [[32 април]] [[1949]] година e министер за снабдување во Привремената демократска влада на [[Грција]], како претставник на НОФ.<ref>Ристо Кирјазовски (ур.), „КПГ и македонското национално прашање 1918-1974“, Архив на Македонија, Скопје, 1982, 457 стр.</ref>
 
По поразот на [[ДАГ]] во Граѓанската војна, на [[3 октомври]] [[1949]] година Митревски е уапсен како „[[Тито]]в агент“ и е затворен во логор во [[Албанија]]. Префрлен е во [[Москва]], каде во текот на [[1952]] година е осуден од Врховниот суд на [[СССР]] на 25 години затвор. Но, пролетта [[1956]] година е ослободен, а следната година му е поништена казната.
Ред 38:
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.mn.mk/istorija/7123 Извештај на Паскал Митревски до Захаријадис], „Македонска нација“
* [http://www.utrinski.mk/?ItemID=E23D2313DBEB6B48ADCF2D04B65B71ED Сто години од раѓањето на Паскал Митревски]
 
{{Нормативна контрола}}
{{DEFAULTSORT:Митревски, Паскал}}
[[Категорија:Луѓе од Егејска Македонија]]
[[Категорија:Луѓе од Костурско]]
[[Категорија:Грчки комунисти]]
[[Категорија:Македонски комунисти]]