Разлика помеѓу преработките на „Перо Ивановски“

Додадени 42 бајти ,  пред 3 години
с
Во април [[1942]] Ивановски е уапсен од бугарската агентура кај селото [[Голозинци]], Велешко. При апсењето се обидел да се самоубие, но не му успеало. Осуден е на 15 години робија. На [[20 јуни]] [[1944]] година, заедно со [[Васил Ивановски]], [[Димитрија Алексовски - Пекар]] и [[Никола Димитровски - Грчето]], успева да избега од затворот „Идризово“<ref>Стојан Илиќ - Каталенац „Никола Димитровски - Грчето“, Скопје, 1997, 87 стр.</ref> и веднаш се приклучува во [[Трета македонска бригада|Третата македонска (кумановска) бригада]]. Потоа, до [[25 септември]] 1944 година е политички комесар на 11 бригада,<ref>[http://ororm.org/backend/DataFiles/vesnik%20Oficer%20br7%20za%20e-mail%202.pdf „Офицер“, бр. 7, 2011, 7 стр.]</ref> па на 42 бригада завршно со [[48. Дивизија на НОВЈ|48 дивизија на НОВ и ПОМ]].<ref>{{цитирана книга|title=Zbornik dokumenata i podataka o narodno-oslobodilačkom ratu jugoslovenskih naroda: knj. 1-[4 ]. Borbe u Makedoniji 1941-1944|publisher=Vojno-istoriski institut Jugoslovenske armije|date=1954}}</ref> Пишувал за органот на [[НОФ]] за [[Македонија]], „[[Илинденски пат]]“.
 
=== По ослободувањето ===
По Ослободувањето работел во [[ОЗНА]], а потоа раководел крупни стопански организации (директор
на [[ФАС Санос|ФАС „11 Октомври“]] и на Железарницата во Скопје).<ref>„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 590 стр.</ref> Од [[1967]] до [[1973]] година бил претседател на Извршниот одбор на [[Комерцијална банка - Скопје|Комерцијална банка]].<ref>[http://www.kb.com.mk/Handlers/GetResource.ashx?id=30&type=r „50 години Комерцијална банка“, 62 стр.]</ref>