Разлика помеѓу преработките на „Перо Ивановски“

Додадени 369 бајти ,  пред 3 години
нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
'''Перо Ивановски - Тиквар''' ({{роден во|Прилеп}}, {{роден на|28|април|1920}} - {{починал на|28|јуни| 2018}}) е македонски комунист, учесник во [[НОВ]].<ref>{{цитирана книга|last=Bunteski|first=Riste |title=Metodija S̆atorov--S̆arlo: politic̆ki stavovi|publisher=Društvo za nauka i umetnost|date=1996}}</ref> Бил [[Список на делегати на Првото заседание на АСНОМ|учесник]] на [[АСНОМ#Прво заседание на АСНОМ|Првото заседание]] на [[АСНОМ]].
 
==Биографија==
По Ослободувањето работел во [[ОЗНА]], а потоа раководел крупни стопански организации (директор
на [[ФАС Санос|ФАС „11 Октомври“]] и на Железарницата во Скопје).<ref>„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 590 стр.</ref> Од [[1967]] до [[1973]] година бил претседател на Извршниот одбор на [[Комерцијална банка - Скопје|Комерцијална банка]].<ref>[http://www.kb.com.mk/Handlers/GetResource.ashx?id=30&type=r „50 години Комерцијална банка“, 62 стр.]</ref>
 
 
На 10 окотомври 2014 година, Претседателот на Република Македонија, д-р [[Ѓорге Иванов]], го одликува Перо Ивановски - Тиквар со „Орден за заслуги за Македонија“, а поради „неговиот исклучителен придонес во остварувањето на вековниот стремеж на македонскиот народ за слобода и зачувување на својот идентитет и создавање на сопствена, самостојна, суверена и демократска држава.“[http://www.president.mk/mk/2011-06-17-09-55-07/2011-09-03-11-36-59/2935-tikvar.html?qh=YToxOntpOjA7czoxMjoi0YLQuNC60LLQsNGAIjt9] Претседателот Иванов истакна дека „учесниците на Првото заседание на АСНОМ се основоположниците на македонската државност. Пред 70 години беа шеесетмина, а денес остана само еден. Денес имаме чест да му се заблагодариме на последниот учесник на АСНОМ кој е меѓу нас и еден од основоположниците на Македонија, Петар Иваноски – Тиквар".
 
Примајќи го високото одликување, Ивановски - Тиквар истакна:<blockquote>„На утрешниот ден [11 Октомври] во 1941 година се сврте македонскиот народ и му викна на окупаторот не ве сакаме. Од тој ден, од тоа не ве сакаме поминаа многу тешки денови, месеци и години дури не се создадоа услови да дојде денот да се свика Собранието на АСНОМ на кое се донесе решение за државност. Сите очекувавме дека Панко Брашнаров сериозно ќе го отоври Собранието и ќе зборува за тешките и мачни одлуки кои треба да се донесат. Но, тој имаше визија за Македонија и ни кажуваше каква ќе биде во иднина. На тој начин помогна полесно да се усвојат решенијата кои беа приготвени за да го добиеме тоа што другите го имаа, а ние го немавме – државноста.“[http://www.president.mk/mk/2011-06-17-09-55-07/2011-09-03-11-36-59/2935-tikvar.html?qh=YToxOntpOjA7czoxMjoi0YLQuNC60LLQsNGAIjt9]</blockquote>
Починал на [[28 јуни]] [[2018]] година.<ref>[https://sdk.mk/index.php/magazin/se-fativme-na-oro-za-makedonija-pochina-posledniot-asnomets-pero-ivanovski-tikvar/ ''СЕ ФАТИВМЕ НА ОРО ЗА МАКЕДОНИЈА – ПОЧИНА ПОСЛЕДНИОТ АСНОМЕЦ ПЕРО ИВАНОВСКИ-ТИКВАР'']</ref>
 
== Наводи ==