Социјализација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
Ред 23:
== Социјализацијата како траен процес ==
 
Социјализацијата започнува со раѓањето. Од моментот на [[раѓање]] добиваме нараквица[[бразлетна]] со [[број]] за да не можат да не заменат со други, добиваме сина или розова [[облека]] за да не идентификуваат како [[машко]] или [[женско]]. Со самиот тој [[чин]] започнува [[процес]] на [[учење]] на општествените [[норми]]. На пример, воочливо е дека на машките и женските деца им се наметнуваат различни норми на однесување. Кај машките се наметнува агресивноста, затоа им се купуваат играчки кои ја симболизираат агресивноста, на пример пиштоли, пушки, фигури на мали војници и така натаму. Од друга страна пак, кај женските деца е сосема поинаку, кај нив се наметнува стереотипното однесување на мајки и жени, па им се купуваат кукли, мали кујни за играње и слично. Но на некои девојчиња им претставува задоволство да играат [[фудбал]], додека пак на некои момчиња интересно им е да играат со кукли. Меѓутоа општеството често присилно успева да ги наметне стандардните и стереотипните обрасци на [[однесување]]. Психолозите упатуваат на тоа дека во изградувањето на особините на личноста особено се важни искуствата од првата [[година]].
 
Истражувањата покажуваат дека социјализацијата е [[процес]] којшто се одвива во текот на целиот [[живот]], преку кој луѓето ги учат основните [[вештини]], [[норми]], [[правила]], статуси и [[вредности]] кои пак се неопходни за да можеме да функционираме како активни членови на општеството.