Вук Караџиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
→‎Творештво: дополнување
Ред 23:
==Творештво==
[[Фолклористика|Фолклористичката]] и [[Лингвистика|лингвистичката]] дејност на Караџиќ започнала уште во 1811-1812 година, за време на престојот во Неготинска Краина, каде почнал да ги опишува [[Кладово]], [[Неготин]] и другите населени места, како и да ги запишува [[Јазик|јазичните]] обележја на тој регион. Потоа, во 1813 година, во [[Виена]] се запознал со [[Димитрие Давидовиќ]] и со [[Димитрие Фрушиќ]] и почнал да соработува со нивниот весник „Новине сербске из царствујушчега града Вијене“ кој излегувал од 1813 до 1822 година. Во него, Караџиќ ја почнал борбата за замена на црковносрпскиот јазик со народниот говор. Во Виена, кон крајот на 1813 година, се запознал и со [[Јернеј Копитар]], [[Цензура|цензор]] на неговата прва книга „Правителствујушчи совјет сербски за времена Кара-Ђорђијина“ која не добила дозвола за печатење. Токму Копитар го убедил, покрај запишувањето на народните песни, да почне да ги запишува и зборовите и [[граматика]]та. Како резултат на тоа, во 1814 година, во Белград ја објавил книгата „Мала простонародња славено-сербска пјеснарица“, во тираж од 1.500 примероци. Караџиќ ја испечатил книгата на сопствен трошок, како и благодарение на бројните претплатници чии имиња биле отпечатени на крајот од секој примерок. Кон крајот на истата година ја објавил и книгата „Писменица сербскога језика“, користејќи ја реформираната [[кирилица]] на Сава Мркаљ. Книгата била придружена со мал проглас во кој бил даден осврт кон [[Српска книжевност|српската книжевност]] и кон проблемите на српскиот правопис и [[Српска граматика|српската граматика]].<ref>„Хронологија живота и рада Вука Стефновића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 464-465.</ref>
 
Во 1815 година, Караџиќ ја објавил втората книга со народни песни, „Народна србска пјеснарица“, а следната година ја почнал работата на првиот српски речник. Во 1817 година, тој работел како уредник на весникот „Новине сербске“ во кои почнал да ги објавува првите рецензии, прегледи, критики и поучни статии. По двегодишна заедничка работа со Копитар, во 1818 година, Караџиќ го објавил „Српски рјечник“ кој сидржел 26.270 зборови со објаснување на [[Германски јазик|германски]] и [[латински јазик]]. Притоа, по долго размислување и советување со Копитар и со Мушицки, Караџиќ се определил за [[Фонетика|фонетскиот]] наместо [[Етимологија|етимолошкиот]] правопис (на пример, „српски“ наместо „србски“), како и за 29 букви во азбуката (без буквата „х“ бидејќи сметал дека тој глас не се слуша во [[Српски јазик|српскиот јазик]]). Во однос на азбуката, тој дал ги предложил буквите „љ“, „њ“, „ђ“ и „ћ“ како замена на разните црковнословенски комбинации или руските букви „я“ и „ю“, а за првпат во [[кирилица]]та ги воведол буквите „џ“ (од некои стари ракописи) и „ј“ (позајмена од [[латиница]]та). Токму воведувањето на латиничната буква „ј“ била причина [[Милош Обреновиќ I|кнезот Милош]], [[Српска црква|српската црква]] и писателот М. Видаковиќ остро да го нападнат. Во 1819 година, Караџиќ пристигнал во [[Санкт Петербург]], каде се запознал со бројни писатели, историчари, [[Славистика|слависти]] и [[Лингвистика|лингвисти]] при што таму оставил 30 копии од српскиот речник. Во август 1820 година пристигнал во [[Србија]], каде собирал народни песни и умотворби и ретки ракописи по [[Црква (објект)|црквите]] и [[манастир]]и. Истата година, тој добил орден од Руската академија за Српскиот речник. Во 1821 година, во „Новине сербске“ ги објавил „Српске народне приповијетке“ како посебна книга, составена од 12 приказни.<ref>„Хронологија живота и рада Вука Стефновића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 466-468.</ref>
 
Караџиќ го реформирал српскиот книжевен јазик и ја изменил и стандардизирал [[српска азбука|српската азбука]] со тоа што ги следел строг [[фонема|фонемски]] принципи засновани на моделот на германскиот граматичар [[Јохан Кристоф Аделунг]]. Овие реформи го модернизирале српскиот книжевен јазик, оддалечувајќи го од српскиот и рускиот [[црковнословенски јазик]], и доближувајќи го до народниот јазик, особено до [[Херцеговина|источнохерцеговското]] наречје кое го зборувал. Заедно со [[Ѓуро Даничиќ]], Караџиќ бил главниот српски потписник на Виенскиот договор од [[1850]] кој, со поддршка на [[Австрија|австриските]] власти, ги поставил темелите на српскиот јазик, чии разни форми денес се користат во [[Србија]], [[Црна Гора]], [[Босна и Херцеговина]] и [[Хрватска]].