Разлика помеѓу преработките на „Кичевија“

Додадени 4 бајти ,  пред 3 години
поврзница сено
с
(поврзница сено)
На дното на котлината постојат населби кои се настанати од големите поседи во [[Македонија во средниот век|средновековието]], турски наречени „[[Чифлиг|чифлици]]“. Селата по речните долини и на високите предели се од типот на [[Земјоделство|земјоделски]] и сточарски села. Се забележува дека многу села на речните долини зафаќаат неплоден крај. Овие села се повлечени од плодното земјиште за да остане што повеќе плодна земја за обработка. Селата по речните долини се тешко пристапни и скриени, а исто така се скриени и по долините и селата во Краста. Селата биле скриени од причина што селаните пробувале да се заштитат од разните војски кои го напаѓале македонскиот народ. Во врска со [[Сточарство|сточарството]] и [[Земјоделство|земјоделството]], се создавале и привремени населби, во кои се чувала стоката, сточната храна, и земјоделските алати. Тие привремени населби биле во близина на селата.
 
Во Кичевската Котлина разликуваме разни типови на села. На дното на котлината и таму каде што биле големите поседи на [[Ага|агите]] и [[Бег|беговите]] селата се од чифлигарски тип. Тие биле збиени до кулата од агата или бегот, со високи огради и ѕидови, кои го издвојуваат имотот од соседната куќа, а измеѓу оградите имало „сокаци“ — криви селски улици. Околу куќите постоеле големи градини со овошје. Од улицата во дворот се влегувало на голема капија. Во дворот се забележувале згради за живеење, за стоката, за [[сено]], кошеви за пченка, амбари и земјоделски алати. Единечните куќи давале изглед на мали тврдини, особено во Горно Кичево. Во дворот имало бунар и покрај него големо корито. Кога навечер ќе се затвореле капиите, пристапот бил скоро невозможен од лошите песови. Во главно од овој тип е и [[Кичево]], како и селата; [[Црвивци]], [[Србица]], [[Арангел]], [[Туин]], [[Поповјани]], [[Јагол Доленци]], [[Зајас]], [[Длапкин Дол]], [[Трапчин Дол]], [[Колибари]], [[Србјани]], [[Челопеци]], [[Лисичани]], [[Миокази]], [[Пласница]], [[Преглово]], [[Вранештица]] и [[Другово]].
 
Селата од езерско потекло (Кичевската Котлина порано ја исполнувало езеро, во кое се влевале реките од планинските предели. Тоа езеро истекло создавајќи ја долината на реката [[Треска]], кон реката [[Вардар]]) се исто така збиени, но така што терасата им останувала слободна. Над селата постоеле „шумјаци“ за стоката. Оградите на куќите најчесто биле плотови, а поретко ѕидови. Такви села се: [[Раштани (Кичевско)|Раштани]], [[Осој (Кичевско)|Осој]], [[Ериновци]], [[Стрелци (село)|Стрелци]], [[Шутово]], [[Премка]], [[Осломеј]], [[Горно Строгомиште|Горно]] и [[Долно Строгомиште]], [[Мидинци]], [[Колари]], [[Карбуница]], [[Бигор Доленци]], [[Атишта]], [[Челопеци]], [[Дворци]], [[Орланци]], [[Речани (Челопечко)|Речани]].