Вук Караџиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
→‎Биографија: дополнување
Ред 17:
== Биографија ==
[[Податотека:Vuk´s house today.JPG|мини|лево|Куќата на Вук Караџиќ во музеј-селото [[Тршиќ]]]]
Вук Караџиќ е роден на [[6 ноември]] [[1787]] година, во селото [[Тршиќ]], во близина на [[Лозница]], [[Србија]]. Тој потекнувал од лозата Караџиќ, која пак го влече потеклото од постарата лоза Дробњак од Петница. Татко му бил Стефан Јоксимов, по потекло од [[семејство]]то Васоевиќ од [[Црна Гора]], а мајка му била Евросима Јегда, родена Зрниќ, родум од селото Озриниќ, во околината на [[Никшиќ]]. Вук Караџиќ имал и брат Михаил, кој погинал за време на [[Прво српско востание|Првото српско востание]]. Во „Српскиот речник“ од 1852 година, самиот Вук Караџиќ објаснува зошто го му го дале името Вук: Кога некоја жена нема деца, тогаш на детето му го дава името Вук, мислејќи дека [[Вештерки|вештерките]] ги јадат децата, а тие пак не смеат да го нападнат [[волк]]от. Детството го поминал пасејќи [[Коза|кози]] и [[Овца|овци]], а научил да чита и да пишува од роднината Јевта Савиќ Чотриќ, бидејќи „ни во сто села немаше училиште“. Вук Караџиќ вежбал да пишува на обвивката од фишек користејќи гускино перо намакано во раствор од [[вода]] и [[барут]], или пишувајќи со зрели капинки на [[Бреза|брезови]] кори. Во 1795 година, татко му го испратил Вук во приватно училиште во Лозница, кај учителот Гргур Гргуревиќ. Во текот на 1796 и 1797 година, поради појавата на [[чума]], [[училиште]]то во [[Лозница]] се распуштило и Вук го продолжил школувањето во [[Троношки манастир|Троношкиот манастир]], но пред доаѓањето на зимата се вратил дома да се грижи за козите и овците.<ref>„Хронологија живота и рада Вука Стефновића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 461-462.</ref>
Роден е во с. [[Тршиќ]], Србија близу [[Лозница]]. Му го дале името „Вук“ („[[волк]]“), бидејќи сите негови браќа и сестри умреле од [[туберкулоза]], па само тој преживеал. Во тоа време луѓето верувале дека вештерките се плашеле од волци, па така името би го заштитило од нив. Научил да чита и пишува во [[Троношки манастир|Троношкиот манастир]], а потоа се образувал сам. Учествувал во [[Прво српско востание|Првото]] и [[Второ српско востание|Второто]] српско востание против [[Отоманска империја|Турците]]. По неуспехот на првото востание во 1813, пребегал во [[Виена]], каде ги напшишал своите најважни дела.
 
Во 1804 година, кога избувнало Првото српско востание, Караџиќ бил во четата на Ѓорѓе Ќурчија, служејчќи како негов личен писар. Поради болки во [[коски]]те и згрчената лева [[нога]], во март 1805 година заминал во [[Сремски Карловци|Карловци]], каде го продолжил школувањето, а некое време негов учител бил [[калуѓер]]от и [[поет]] [[Лукијан Мушицки]]. Потоа, во 1806 година, заминал во [[Петриња]], каде го учел [[Германски јазик|германскиот јазик]]. Пролетта 1807 година преминал во ослободениот [[Белград]], некое време бил писар на востаничките старешини низ Србија, а во 1808 година пак се вратил во Белград, каде се запознал со [[Доситеј Обрадовиќ]] за време на отворањето на Големото школо (''Велика школа''). Повторно, [[Ревматизам|ревматизмот]] и грчевите во левото колено го принудиле да оди на лекување, најпрвин во [[бања]]та [[Мехадија Херкулана]], во [[Банат]], [[Романија]], а потоа во [[болница]]та во [[Нови Сад]]. Меѓутоа, лекувањето не успеало и тој почнал да оди со подвиткана лева нога, служејќи се со бастун или со штака. Во 1810 година, почнал да се дружи со [[Сава Мркаљ]] и [[Лука Милованов]], негови претходници во реформата на [[Српски правопис|српскиот правопис]], а по враќањето во Белград се запознал со [[Сима Милутиновиќ Сарајлија]]. Во април 1811 година, заминал во [[Неготинска Краина]], по некое време бил назначен за управник на [[царина]]та во [[Кладово]], а подоцна и за судија и управител во Брза Паланка.<ref>„Хронологија живота и рада Вука Стефновића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 462-464.</ref>
Караџиќ го реформирал српскиот книжевен јазик и ја изменил и стандардизирал [[српска азбука|српската азбука]] со тоа што ги следел строг [[фонема|фонемски]] принципи засновани на моделот на германскиот граматичар [[Јохан Кристоф Аделунг]].
 
Караџиќ го реформирал српскиот книжевен јазик и ја изменил и стандардизирал [[српска азбука|српската азбука]] со тоа што ги следел строг [[фонема|фонемски]] принципи засновани на моделот на германскиот граматичар [[Јохан Кристоф Аделунг]]. Овие реформи го модернизирале српскиот книжевен јазик, оддалечувајќи го од српскиот и рускиот [[црковнословенски јазик]], и доближувајќи го до народниот јазик, особено до [[Херцеговина|источнохерцеговското]] наречје кое го зборувал. Заедно со [[Ѓуро Даничиќ]], Караџиќ бил главниот српски потписник на Виенскиот договор од [[1850]] кој, со поддршка на [[Австрија|австриските]] власти, ги поставил темелите на српскиот јазик, чии разни форми денес се користат во [[Србија]], [[Црна Гора]], [[Босна и Херцеговина]] и [[Хрватска]].
 
Покрај лингвистичките реформи, Караџиќ, исто така, дал голем придонес кон книжевноста, користејќи ја селската култура како основа. Заради неговото селско воспитание, тој доста го ценел селските народни преданија, па собирал народни песни, приказни и поговорки. Додека Караџиќ не го сметал селскиот живот за романтичен, високо го ценел како дел од српската култура. Собрал неколку збирки народна поезија и проза, меѓу кои и книга со преку 100 лирски и епски песни кои ги запамтил како дете. Исто така го издал и првиот речник на говорниот српски јазик. Ова дело го издавал со малку пари, и повремено живеел во беда. Умрел во [[Виена]].
 
Вуковата азбука е основа за [[македонска азбука|македонската азбука]].