Второ Бугарско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 124:
[[Податотека:Bulgaria-second half of the 13th century.png|thumb|right|230px|Бугарија во текот на 13 век.]]
 
Во времето на цар [[Смилец]] ([[1292]]-[[1298]]), започнала поредната војна со [[Византија]], во која Бугарија била поразена. Во [[1296]] година ја оженил својата ќерка со [[Стефан Урош III Дечански]]. Тој бил под директно влијание на Златната орда. Во [[ноември]] [[1298]] година царот починал. Неговата смрт до денеска е сѐ уште загатка. Во времето на [[Тодор Светослав]] ([[1300]]-[[1322]]), позициите на Бугарија привремено се зацврстиле на Балканот. Неговото владеење се карактеризира со добрата спроведена политика и стабилизација на земјата. Во [[1304]] година водел војна со [[Византија]], заземајќи ги црноморските градови и области. По огромната победа, Светослав се упатил кон [[Едрене]]. По неколкугодишните војни, двете земји започнале да преговараат околу можно примирје. Во [[1307]] година бил потпишан договор помеѓу Византија и Бугарија, склучувјќи династичен брак на Светослав со ќерката на [[Михаил IX Палеолог]]. Наследник на Светослав бил [[Георги II Тертер]] ([[1322]]-[[1323]]), како последен од [[династија Тертер]]. Поради бунтовите околу византискиот престол, новиот цар организирал поход против Византија заземајќи го [[Пловдив]] и [[Едрене]]. Но по крајот на дворската војна во Византија, новиот цар [[Андроник III Палеолог]] повторно успеал да врати голем дел од своите територии. По овие неуспеси, по само неколку месеци бугарскиот цар изненадено починал без да остави наследник.
 
[[Михаил III Шишман Асен]] ([[1323]]-[[1330]]) бил основач на новата царска [[династија Шишман]]. Тој е можеби последниот бугарски цар од Второто бугарско царство којшто се стремил за создавање на бугарската воена и политичка хегемонија на Балканскиот Полуостров. Во [[1330]] година се одвила [[Битка кај Велбужда|битката кај Велбужда]] во која [[Рашка]] и нанела голем пораз на бугарската држава во кој бил убиен и самиот цар.