Разлика помеѓу преработките на „Цариград“

Одземени 92 бајти ,  пред 2 години
с
нема опис на уредувањето
(Замена на Image:Siege_of_Constantinople.jpg со Image:Siege_of_a_city,_medieval_miniature.jpg (од страна на CommonsDelinker поради: File renamed: [[:commons:COM:FR#reaso)
с
{{Dablink|Оваа статија е за градот пред [[Падот на КонстантинополЦариград (1453)]]. За денешниот модерен град видете [[Истанбул]].}}
 
'''Цариград''' ({{lang-cu|Цѣсарьградъ}}, [[црковнословенски јазик|црковнословенски]]: Царьгра̀дъ) или '''Константинопол''' ({{lang-grc|Κωνσταντινούπολις}} - „Константиновград“) — престолнина на [[Римско царство|Римското царство]] ([[330]]-[[395]]), [[Византија]] ([[Источно римско царство]]) ([[395]]-[[1204]] и [[1261]]-[[1453]]), [[Латинско царство|Латинското]] ([[1204]]-[[1261]]) и [[Османлиското царство]] ([[1453]]-[[1922]]). Официјално, од ''1930'' година, градот станал престолнина на новата [[Турција|Турска држава]] под името [[Истанбул]].
Поради добрата стратегиска и географска положба на градот, Цариград станал огромен град за тоа време, скоро половина милион жители. Тој бил изграден во римски дух и традиција. За разлика од стариот [[Рим]], новиот Рим бил не само римски туку и [[христијанство|христијански]]. Во него биле изградени големи дворци, [[амфитеатар|амфитеатри]], [[аквадукт]]и и христијански храмови.
 
Еден од првите плоштади кои биле изградени од Константин бил [[Августајон]]. Новата сенаторска палата била сместена во една базилика на источниот дел од градот. На јужниот дел била изградена [[Големата палата во Константинопол|императорската палата]], со [[Чалке (КонстантинополЦариград)|величенствена порта]] на влезот а веднаш до неа се наоѓала [[Палата Дафне|палатата Дафне]]. Во близина на овој комплекс се наоѓал [[Цариградски хиподром|хиподромот]] кој имал капацитет за околу 100.000 гледачи. Други градби од тоа време биле бањата [[ЗевксипијЗевксипови (Константинопол)бањи|Зевксипиј]] и [[Милион (КонстантинополЦариград)|споменикот Милион]]
 
Од плоштадот [[Августајон]] водела една голема улица која се викала [[Месе (КонстантинополЦариград)|Месе]]. Овој комплекс се наоѓал на првиот рид од градот. По спуштањето кон Вториот рид од градот, патот водел кон [[Форум на Константин|Форумот на Константин]], каде се наоѓала Втората сенаторска палата и висок [[столб на Константин]]. Од таму се доаѓало до Седмиот рид на градот, преку [[Златна порта (КонстантинополЦариград)|Златната порта]].
 
Во текот н [[V век]], Цариград бил ограден од уште еден ѕид и се претворил во еден од најдобрите заштитни градови во тоа време. Епископот на Новиот Рим многу бргу го превзел врвното место во црковната организација, основајќи ја [[Цариградска Патријаршија|Вселенската патријаршија]].
 
== Под Османлиска власт ==
{{главна|Падот на КонстантинополЦариград (1453)}}
 
Војската која го бранела Цариград била мала. Имала околу 7000 луѓе под оружје од кои околу 2000 биле странци. Во моментот кога опсадата започнала, заедно со бегалците од околината, популацијата изнесувала околу 50.000 луѓе<ref name="popu3">D. Nicolle, ''Constantinople 1453: The end of Byzantium'', 32</ref>. Градот бил утврден со веројатно најсилните ѕидини кои било кога биле направени во историјата (5,5 km на копно; 7 km ѕидини од страната на Златниот рог и 7,5 km од страната на Мраморното море). Во времето на владеењето на [[Јован VIII Палеолог]] ѕидините биле поправени и се наоѓале во задоволително добра состојба. Ова им давало на надеж на бранителите на градот дека ќе можат да издржат додека пристигне помошта од Запад.<ref>Nicolle 2000, p.&nbsp;39</ref>. Исто така, бранителите биле и добро опремени. Тие поседувале флота од 26 брода (5 од Џенова, 5 од Венеција, 3 од Крит кој во тоа време и припаѓал на [[Венеција]], 1 од [[Анкона]], 1 од [[Арагон]], 1 од [[Франција]] и уште десетина византиски бродови.<ref>Sir S. Runciman, ''The Fall of Constantinople 1453, Cambridge University Press, 1965''</ref>