Српско Деспотство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 147:
 
===Регенство и Стефан Бранковиќ===
 
[[File:Serbian despotate 1455 1459.png|right|thumb|250px|Српско Деспотство, 1455-1459]]
 
Бидејќи деспотот [[Лазар Бранковиќ]] немал синови, по неговата смрт било формирано тричлено регентство. Во него спаѓале братот на Лазар, слепиот [[Стефан Бранковиќ]], вдовицата на Лазар [[Елена Палеолог Бранковиќ]] и големиот војвода [[Михаило Ангеловиќ]]<ref>Веселиновић 2006, p. 148</ref>. Михаило , чиј брат бил османлискиот голем везир [[Махмуд-паша Ангеловиќ]], започнал да соработува со Отоманците зад грбот на Стефан и Елена. Во март тој донел мал одред на отомански војници во [[Смедерево]] за да ја засили својата кандидатура за деспот. Но, војниците неочекувано го кренале османлиското знаме на бедемите и започнале да го извикуваат името на султанот. Граѓаните на [[Смедерево]] се кренале против Анѓеловиќ на [[31 март]], го затвориле и убиле поголем дел од османлискиот одред<ref>Веселиновић 2006, p. 148</ref>. [[Стефан Бранковиќ]], кој бил прогласен за нов деспот, заедно со [[Елена Палеолог Бранковиќ]], ја презел контролата врз Смедерево и деспотството.
 
За време на хаосот што го опкружувало деспотството по смртта на Лазар и поделбата во привремената регентност, босанскиот крал Стефан Томаш ги нападнал териториите на деспотството од реката [[Дрина]], оставајќи го само [[Теочак]] во рацете на деспотството. Михаил Силаги исто така го освоил најголемиот дел од Лазарските градови северно од [[Дунав]].
 
Веднаш по неуспешниот државен удар на Михаило Ангеловиќ, Османлиите започнале нова инвазија на Србија. Иако не направиле значителни територијални придобивки до [[1459]] година, ова претставувало почеток на крајот на српскиот деспотството.
 
Стефан Бранковиќ владеел до [[8 април]] [[1459]] година, кога бил соборен преку заговор меѓу [[Елена Палеолог Бранковиќ]] и [[Стефан Томаш Остоиќ Котроманиќ|кралот Томаш]], чиј син кратко време владел со деспотството.