Устав на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
 
'''Уставот на Македонија''' претставува највисок правен акт со кој се дефинира државното уредување на Република Македонија.
 
== Развиток на уставите на Република Македонија ==
 
== Устав од 31 декември 1946 ==
Првиот уставен период започнува со донесувањето на Уставот на НР Македонија од [[31 декември]] [[1946]] година, со кој Македонија се конституира под името [[Народна Република Македонија]], во рамките на [[СФРЈ|ФНРЈ]]. Овој уставен период се карактеризира со мошне динамични промени кои фактички ги менуваа и основните уставни институции. Во овој период се разликуваат две основни фази. Граничната линија помеѓу фазите е во [[1953]] година, односно донесувањето на Уставниот закон за општествено и политичко устројство и за органите на власта на Народна Република Македонија. На овој Уставен закон му претходело денесувањето на Основниот закон за управување на државните стопански претпријатија и повисоките стопански здруженија од страна на работните колективи, познат и како Закон за работничко самоуправување од 1950 година. Овој устав е од особено значење бидејќи со него се санкционира вољата и правото на самоопределување на Македонците за сопствена државност, и обединување со другите народи во тогашната [[ФНРЈ]]. Овој устав по дефиниција спаѓа во групата на реални устави.
 
== Устав од 25 февруари 1974 ==