Википедија:Селска чешма: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 261:
 
{{коментар}} Сите Википедии се јазични, не се државни, како што нагласи Кирил погоре, и се согласувам со тоа што го пиша Тиверополник, бидејќи како енциклопедија ние пренесуваме факти. Поздрав - [[User:Виолетова|Виолетова]] <small>([[User talk:Виолетова|разговор]])</small> 11:34, 15 јуни 2018 (CEST)
 
== Објавен напис во „Вечер“ ==
Почитувани корисници, на насловната страница на Интернет-порталот на дневниот весник „[[Вечер (дневен весник)|Вечер]]“ се појави [https://vecer.mk/makedonija/vie-ste-vikipedia-vikipedia-ste-vie-fotovideo напис] со фотографија од статијата [[Општина Куманово]], каде што географската местоположба на општината во [[Северна Македонија]] е подвлечена со крајна намера во време на политички настани поврзани со називот „Северна Македонија“. Не треба да се испушти и дека името на енциклопедијата (не)намерно е наведено како „Википедиа“ наместо „Википедија“.
 
Мое мислење е дека како заедница на Википедија на македонски јазик не треба да молчиме и да составиме одговор, во кој воопшто нема да бидат поштедени „новинарите“ во овој медиум, како одговор на ваквата инсинуација. Сепак, се работи за вториот најстар весник во Македонија, кој се споменува во учебниците и заедно со „[[Нова Македонија]]“ се смета дека има значајна улога во развојот на новинарството во земјава, па оттука ваквиот напис може да продре и негативно да се одрази за нашата заедница.
 
Во продолжение предложувам текст кој ве замолувам внимателно да го прочитате и слободно да предложите негово изменување и дополнување.
 
{{цитат|Почитувани,
 
Со должна почит кон досегашната работа на дневниот весник „Вечер“, сакаме да го изразиме нашето незадоволство и да го осудиме [https://vecer.mk/makedonija/vie-ste-vikipedia-vikipedia-ste-vie-fotovideo написот објавен на насловната страница] на Интернет-порталот на овој весник, во кој е наведена фотографија од статијата Општина Куманово со подвлекување на географската местоположба на општината во Северна Македонија во време на политички настани во кои поимот „Северна Македонија“ се употребува во друга насока. Напоменуваме дека врската на поимот [[Северна Македонија]] води кон статија за географски регион кој ги опфаќа северните делови на Македонија и нема никаква врска со предложеното име на земјата кое деновиве е актуелно во јавноста. Освен тоа, укажуваме дека во насловот е направена (не)намерна грешка за името на енциклопедијата, кое не гласи „Википедиа“, туку „Википедија“.
 
Сакаме да им порачаме на новинарите во овој дневен весник во иднина да се занимаваат со новинарство засновано на проверени факти, а не инсинуации извлечени од погрешно толкување на работите без соодветна проверка. Вакво непрофесионално однесување на доликува на било каков медиум, а уште помалку на вториот најстар весник во Македонија за кого се учи во учебници и се смета дека заедно со дневниот весник „Нова Македонија“ зазема значајно место во развојот на новинарството во земјата.
 
Ви благодариме,
 
Заедница на Википедија на македонски јазик}}
 
Ве повикувам да се вклучите во дискусијата и да го изнесете вашето мислење.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 11:45, 15 јуни 2018 (CEST)