Википедија:Селска чешма: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 259:
 
{{коментар}} Сметам дека треба внимателно да се следи и неутрално да се пренесе, но во никој случај не треба да се подвргне под било која ставка на овој договор во делувањето на Википедија на македонски јазик, како јазично издание на македонски јазик кој опстојува, произлегува и чии говорители се најмногу сконцентрирани во Македонија. Според мое мислење со договорот во голема мера се подрива македонското постоење, но и самиот тој е во голема мера асиметричен и наспроти универзалните вредности, начела и принципи на слобода, чест, достоинство, право на припадност и самоопределување, начела на кои се заснова и википедијанството како движење без разлика на различни ставови и мислења, поради што тоа мора да се има во предвид и да не се дозволи одредби и духот на самиот овој договор да има влијание врз Википедија на македонски јазик. Дополнително, претстојниот период прифаќањето и при процедурите за (не)прифаќањето на овој договор ќе изникнат спротиставени политички ставови и дебати, Википедија го има начелото на неутралност, но јас лично како Македонец од Македонија и член на македонската Вики-заедница искажувам став дека сум против, и давам поддршка доколку мнозинството од нас се против, заедницата и воопшто тоа да биде одразено на '''Википедија на македонски јазик''', со што во јавноста слободно треба да се заземе јасен став, не во смисла на пропагирање туку во смисла на држење до тоа мнение, вредност и принцип. Со својата работа досега, изминативе 15-ина години, додека и јас сум присутен и придонесувам на Википедија на македонски јазик, самата Википедија на македонски јазик во многу наврати и случаи е показател и поддршка на Македонија, македонскиот јазик и идентитет и тоа не треба да биде доведено или пак воопшто променето преку влијанието на овој договор кој најсуштински (дури и преку измена на Уставот) ќе донесе промени по однос на овие работи. - [[User:Македонец|Марио Шаревски - Македонец]] <small>([[User talk:Македонец|разговор]])</small> 09:50, 15 јуни 2018 (CEST)
 
{{коментар}} Сите Википедии се јазични, не се државни, како што нагласи Кирил погоре, и се согласувам со тоа што го пиша Тиверополник, бидејќи како енциклопедија ние пренесуваме факти. Поздрав - [[User:Виолетова|Виолетова]] <small>([[User talk:Виолетова|разговор]])</small> 11:34, 15 јуни 2018 (CEST)