Разлика помеѓу преработките на „Повлекување на српската војска преку Албанија“

нема опис на уредувањето
По уништување или закопување на тешката и полската артилерија, последните српски трупи тргнале на [[3 декември]] преку [[Црна Гора]] за Албанија. Според податоци на српската Врховна команда, на албанскиот брег пристигнале околу 110.000 војници и 2.350 офицери. Се претпоставува дека животот го загубиле околу 72.000 војници. Преку Албанија преминале вкупно околу 54.000, а преку Црна Гора околу 90.000 луѓе.
Освен исклучително решки, нечовечки напори во екстремни услови, српската војска постојано имала окршаи со припадниците на албанските племиња кои не ја почитувале наредбата и не ја признавале власта на [[Есад-паша Топтани]].<ref>http://www.svedok.rs/index.asp?show=72501</ref>
 
==Пристигање на брегот на Јадранското море==
 
Поповеќе од еден месец страдање во тешките маршеви, гладни, промрзли и изнемоштени српски трупи пристигнале со Скадар, [[Драч]] и [[Валона]], но за нив тоа не значело крај на маките и страдањара. На брегот не ги дичекала ветената сојузничка помош и подршка, а еден од сојузниците [[Италија]] се однесувал како непријател. На [[28 декември]] на премиерот [[Никола Пашиќ]] му била врачена изјава на италијанската влада со која на српската војска ѝ се забранува да помине преку реката [[Шкумбин]].
 
По интервенција од страна на [[Русија]] односите се смириле. А по личната интервенција на рускиот цар [[Николај II (Русија)|Николај II]], на [[18 јануари]] [[1916]] година, кој се заканил дека ќе излезе од војната доколку на српската војска не ѝ се помогне, британските и француските сојузници су убрзали помош, а Италијаните дозволиле влез на војската во Валона.
 
На [[28 јануари]] француската влада донела одлука нејзината морнарица да ги одложи сите други транспорт, се додека српските трупи не бидат извлечени од Албанија. До [[15 февруари]] на грчкото острово [[Крф]] биле префрлени над 135.000 луѓе, а до април таа бројка се искачила на 151.828 војници и цивили.
Во тек на првите денови измаената и изнњмоштената војска била изложена на постојан дожд без облека и огрев, без доволно храна и без медицински материјал. Наместо спас огромен број од нив го загубил животот на островот.
 
На островот Видо биле оставани најтешко ранети и болни, најчесто најмлади кои немале доволно искуство и сила за патот што го поминале. Од [[23 јануари]] до [[23 март]] [[1916]] година починале 4.847 луѓе. Мал остров [[Видо]] кој Крф бил организиран како болница, но постепено станал „остров на смртта“, а море околу негп ''сина гробница'' во која биле спиштени околу 5.400 мртви. Од почит кон починатите, грчките рибари не ловеле риба во тие води следните 50 години.
 
 
 
== Наводи ==