Разлика помеѓу преработките на „Ортов Облак“

Додадени 7.055 бајти ,  пред 2 години
 
== Комети ==
[[File:Comet Hale-Bopp.jpg|thumb|150px|[[Хејл-Бопова комета|Хејл-Боповата комета]], вообичаена комета од Ортовиот Облак.]]
 
За [[комета|кометите]] се смета дека имаат две поединечни области од каде потекнуваат во Сончевиот систем. Краткопериодичните комети (оние со орбити до 200&nbsp;години) вообичаено се смета дека потекнуваат или од [[Кајперов појас|Кајперовиот појас]] или од расеаниот диск, кои се всушност два рамни дискови на ледени остатоци зад Нептуновата орбита на 30&nbsp;АЕ и се протегаат се до 100&nbsp;АЕ од Сонцето. Долгопериодичните комети, како што е [[Хејл-Бопова комета|Хејл-Боповата комета]], чии орбити се траат и по илијадници години, се смета дека потекнуваат од Ортовиот Облак. Орбитите во внатрешноста на Кајперовиот појас се релативно стабилни, и многу мал број на комети се смета дека потекнуваат од тој појас. Расеаниот диск, сепак, е динамички активен, и е далеку поверопјатно да е местото од кое потекнуваат кометите.<ref name=book /> Кометите минуваат низ расеаниот диск и навлегуваат во областа во која владеат надворешните планети, станувајќи [[кентаур (астерроид)|кентаури]].<ref>{{cite journal
|author=Harold E. Levison
|author2=Luke Dones
|last-author-amp=yes
|date=2007
|title=Comet Populations and Cometary dynamics
|journal=Encyclopedia of the Solar System
|pages=575–588
|doi=10.1016/B978-012088589-3/50035-9
|isbn=978-0-12-088589-3
|bibcode=2007ess..book..575L
}}</ref> Овие кентаури подоцна се испратени подлабоко во внатрешноста и стануваат краткопериодични комети.<ref>{{cite web
|author=J Horner
|author2=NW Evans
|author3=ME Bailey
|author4=DJ Asher
|date=2003
|title=The Populations of Comet-like Bodies in the Solar System
|url=http://star.arm.ac.uk/preprints/396.pdf
|accessdate=2007-06-29
}}</ref>
 
Постојат два вида на краткопериодични комети: комети од Јупитеровото семејство (оние со [[голема полуоска|големи полуоски]] помали од 5&nbsp;АЕ) и комети од Халеевото семејство. Кометите од Халеевото семејство, именувани по нивниот урнек, [[Халеева комета|Халеевата комета]], е невообичаено да се сметаат за краткопериодични комети, се претпоставуваа дека нивното првичнно потекло е во Ортовиот Облак, но не во расеаниот диск. Засновано на нивните орбити, се мисли дека истите биле долгопериодични комети кој биле заробени гравитационо од џиновските планети и биле насочени кон во внатрешниот Сончев систем.<ref name=dave /> Овие процеси можно е исто така да ги создале денешните орбити на значаен дел од кометите од Јупитеровото семејство, иако за поголемиот број од тие комети се смета дека потекнуваат од расеаниот диск.<ref name="emel2007" />
 
Орт забележал дека поголем број од повратните комети бил значително помал од предвидувањата на неговиот модел, и оваа загонетка, позната како „кометарно бледнеење“, допртва треба да се разреши. Не постојат динамички процеси кои се познати дека можат да го објаснат малиот број на набљудувани комети од бројот претпоставен од страна на Орт. Претпоставките за ова отстапување го вклучуваат и уништувањето на кометите поради плимните стресови, судири или загревање, загубата на сите [[волатили]], дел од кометите ги прави да бидат невидливи, односно и создавањето на неволатилна кора на површината може да биде причина за невидливоста.<ref>{{cite book
|author=Luke Dones
|author2=Paul R Weissman
|author3=Harold F Levison
|author4=Martin J Duncan
|chapter=Oort Cloud Formation and Dynamics
|chapterurl=http://www.lpi.usra.edu/books/CometsII/7031.pdf
|editor=Michel C. Festou
|editor2=H. Uwe Keller
|editor3=Harold A. Weaver
|date=2004
|title=Comets II
|url=http://www.uapress.arizona.edu/books/bid1580.htm
|publisher=University of Arizona Press
|pages=153–173
|accessdate=2008-03-22
}}</ref> Динамичките изучувања на претпоставените комети од Ортовиот Облак процениле дека нивното појавување во областа на [[надворешни планети|надворешните планети]] ќе биде неколкукратно поголема од планетите од внатрешниот Сончев систем. Отстапувањата можно е да се предизвикани поради гравитационото привлекување на [[Јупитер]], кој дејствува како препрека, заробувајќи ги кометите и насочувајќи ги да се судрат со него, како што беше случајот со кометата [[Шумејкер-Ливи 9]] во 1994 година.<ref name=julio>{{cite journal
|author=Julio A. Fernández
|date=2000
|title=Long-Period Comets and the Oort Cloud
|journal=Earth, Moon, and Planets
|volume=89 |issue=1–4 |pages=325–343
|bibcode = 2002EM&P...89..325F
|doi=10.1023/A:1021571108658
}}</ref>
 
== Плимни ефекти ==
{{Main|Галактичка плимна сила}}
 
== Поврзано ==