Разлика помеѓу преработките на „Повлекување на српската војска преку Албанија“

По неочекуваната победата на српската војска врз [[Австро-Унгарија|австроунгарските сили]] во [[1914]] година, под команда на фелдмаршалот [[Аугуст фон Макензен]], засилени со војска од над 500.000 припадници на Единаесетата германска армја, со 10 ескадрили на авиони, бројната речна флота на [[Дунав]] и современото оружје од [[Германија]], Австроунгарските балкански трупи на [[6 октомври]] [[1915]] извршиле силна инвазија. Отпорот на српската војска бил залуден до [[15 октомври]] под налет на [[Централни сили|Централните сили]] биле заземени [[Белград]], [[Смедерево]], [[Пожаревац]] и [[Голубац]], по што српската војска била принудена на повлекување кон југот.
 
[[Податотека:Serb retreat over snow-covered mountains.jpg|мини|Низ Албанија]]
Во интересите на сојузниците Србија по победите во 1914 била од интерес зз повлекување на дел од австроунгарските и германските сили како од [[Западен фронт (Прва светска војна)|Западниот фронт]], така и од [[Источен фронт (Прва светска војна)|Источниот]], но во интерс на сојузниците било и [[Бугарија]] да се вовлече на својата страна.