Разлика помеѓу преработките на „Повлекување на српската војска преку Албанија“

#1Lib1Ref
(#1Lib1Ref)
Ушре на почетокот на август, сојузниците уште еднаш се потрудиле да ја наговорат Бугарија на влез во војна против [[Турција]], ветувајќи дека воено ќе го окупира источниот дел на [[Вардарска Македонија]] и дека на Србија нема да ѝ допуштат проширување на запад додека не ја предаде ветената територија. Истовремено, на [[Софија]] ѝ е нудено територијално проширување во [[Егејска Македонија]], [[Тракија]] и [[Добруџа]].
 
Соочена со претстоечкиот напад на Централните сили, со претешки дипломатски притисок од сојузниците и можноста да биде обвинетаза евентуален пораз на балканскиот фронт, српската влада на [[1 септември]] [[1915]] година изјавила дека со „болка во срцето го отстапува, не одрекувајќи се национално од Македонија, она што сојузниците го бараат, речисицела линија од [[1912]] година, под услов Бугарија во најкраток рок со сите сили да ја нападне Турција.<ref>Петар Опачић, „Србија и Солунски фронт“,Књижевне новине, Београд, 1984, стр. 19 - 20.</ref>
 
Бугарската влада истовремено преговарала и со [[Централните сили]], одлучувајќи конечно да ја прифати нивната понуда – цела [[Македонија]] и делови од Србија до [[Велика Морава]]. Покрај останатото, таа одлука била и резултат на упорната „подземна работа“ на придобивање на Бугарија, која [[Виена]] ја интензивирала.<ref>Мира Радојевиќ, Љубодраг Димиќ, Србија у Великом рати 1914 -1918, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2018, стр. 203.</ref>