Михаил Јурјевич Лермонтов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: дополнување
→‎Творештво: дополнување
Ред 8:
 
==Творештво==
НаЛермонтов е голем романтичарски гениј, кој зазема врвно место не само во руската, туку и во светската поезија.<ref>Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: ''Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато''. Скопје: Три, 2016, стр. 232.</ref> Тој претставува директен, можен наследник на [[Пушкин]] чие влијание веднаш се препознава уште на самиот негов книжевен почеток, и тоа како по темите и мотивите така и во профилирањето на неговите книжевни јунаци кои се растргнати меѓу [[Романтизам|романтичарското]] его и [[Етика|етичката]] свест.<ref>Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: ''Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато''. Скопје: Три, 2016, стр. 230.</ref> Така, уште на тринаесетгодишна возраст, Лермонтов во својата тетратка ги препишал „Кавкаскиот заробеник“ на [[Пушкин]] и „Шилјонскиот затвореник“ на [[Бајрон]], јасно покажувајќи ја воодушевеноста од овие две големи имиња на романтизмот.<ref>Dušanka Perović, „O Ljermontovu“, во: M. Ljermontov, ''Junak našeg doba''. Beograd: Rad, 1962, стр. 161-162.</ref>
 
Престојот на Кавказ имал големо влијание врз творештвото на Лермонтов, инспирирајќи го авторот за многу лирски песни, за поемите „[[Демон (поема на Лермонтов)|Демон]]“ и „[[Мцири]]“, како и за романот „[[Херој на нашето време (роман)|Јунакот на нашето време]]“. Карактеристичната лермонтовска тема на демоните е присутна уште во неговите први поетски скици направени во младоста, во [[1829]] година, кога тој имал само 15 години. Младинските верзии на поемата „Демон“ се засновани врз апстрактната борба меѓу [[ангел]]ите и [[демон]]ите во духот на [[Романтизам|романтизмот]], додека по враќањето од Кавказ, поемата ја добила својата крајна форма, а во последните две години од животот Лермонтов направил некои ситни промени во поемата. Благодарение на мисловниот и поетскиот сјај, како и звучноста на стиховите, поемата „Демон“ се вбројува во најголемите достигнувања на светската [[поезија]].<ref>Dušanka Perović, „O Ljermontovu“, во: M. Ljermontov, ''Junak našeg doba''. Beograd: Rad, 1962, стр. 160.</ref>
 
Пред да ја добие крајната форма, поемата „Мцири“ поминала низ повеќе етапи. Нејзините корени може да се следат од поемата „Исповед“ ([[1830]]) чие дејство се одвива во еден [[Католици|католички]] [[манастир]] во [[Шпанија]] и поемата „Болјарот Орша“ (1836) чие дејство е сместено во [[16 век]], за време на владеењето на [[Иван Грозни]]. За време на престојот во Кавказ, Лермонтов ја добил крајната замисла за поемата „Мцири“, заснована врз вистинита приказна. Во поемата се зборува за едно болно момче заробено во еден грузиски манастир од којшто постојано се обидува да побегне. Притоа, момчето не се помирува со загубата на слободата[[слобода]]та ниту по конечниот неуспех на неговите обиди за бегство. Поемата се одликува со идеален спој на силен протест и најсуптилна поетска [[емоција]].<ref>Dušanka Perović, „O Ljermontovu“, во: M. Ljermontov, ''Junak našeg doba''. Beograd: Rad, 1962, стр. 160-161.</ref> Лирскиот јунак на „Мцири“ е типичен романтичарски бунтовник, кој русоовски ја бара слободата надвор од општеството, во исконската и архаична невиност на природата.<ref>Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: ''Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато''. Скопје: Три, 2016, стр. 232.</ref> Други позначајни поеми на Лермонтов се и „Азраил“ и „Ангелот на смртта“ кои потекнуваат од [[1831]] година, а во текот на [[1835]]-[[1836]] година ја напишал [[драма]]та „Маскарада“.
 
За време на престојот на Лермонтов во Кавказ, во [[1837]] година, излегла од печат неговата песна „Бородино“, а истата година ја напишал и познатата поема во духот на руската народна песна „Песна за царот Иван Василевич, за младиот опричник и за смелиот трговец Калашников“. За песната „Бородино“ е значајно тоа што во неа е опеан обичниот војник, народот наместо војсководецот, додека „Песна за царот Иван Василевич, за младиот опричник и за смелиот трговец Калашников“ зазема посебно место во творештвото на Лермонтов бидејќи таа стои рамо до рамо со највредните примероци на руската народна песна, а истовремено се одликува со силен лирски набој, карактеристичен за подоцнежните дела на Лермонтов. .<ref>Dušanka Perović, „O Ljermontovu“, во: M. Ljermontov, ''Junak našeg doba''. Beograd: Rad, 1962, стр. 162-163.</ref>
 
Лермонтов оставил и неколку прозни дела. Таков е примерот со недовршениот [[роман]] со тема од востанието на Пугачов, за кој се претпоставува дека е започнат во [[1833]] година, а којшто бил замислен како прв дел од една трилогија. Според главниот јунак, романот е наречен „Вадим“. Незавршен останал и вториот роман „Кнегината Лиговска“, започнат во [[1836]] година. Истата година, Лермонтов ја напишал и [[драма]]та „Двајцата браќа“ во која како ликови се јавуваат кнегината Лиговска и Печорин, јунаците од два негови романи. Оваа драма е значајна по тоа што во неа, за првпат во [[Руска книжевност|руската книжевност]], како јунак се појавува малиот, обесправен човек – службеникот Красински.<ref>Dušanka Perović, „O Ljermontovu“, во: M. Ljermontov, Junak našeg doba. Beograd: Rad, 1962, стр. 164.</ref> Подоцна, кнегината Лиговска се појавува и како лик во најзначајното прозно дело на Лермонтов, романот „[[Херој на нашето време (роман)|Херој на нашето време]]“ од [[1840]] година.
 
Иако Лермонтов се појавил како наследник на Пушкин, сепак разликите меѓу нив се очигледни како на поетски така и на [[Филозофија|философски]] план. За разлика од Пушкин, кој брзо раскрстил со романтизмот, Лермонтов цело време останал романтичар, бајроновец, иако во некои свои песни самиот се спротиставува на тоа. Сепак, до крајот на животот останал бунтовник, затворен во својот песизмизам, отфрлајќи го и презирајќи го светот. Во тој поглед, познатиот руски критичар Белински укажува на разликата меѓу оптимистичката душа на Пушкин и песимизмот на Лермонтов. Според него, Лермонтов е непоправлив песимист, кој дури и кога бара спокојство, бара спокој во бурата и тоа е основниот парадокс во неговата поезија. Исто така, и Херцен смета дека Лермонтов го носи „товарот на скептицизмот“ и дека “не само што не барал излез од него, туку не гледал можност ни за борба ни за помирување“.<ref>Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: ''Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато''. Скопје: Три, 2016, стр. 231.</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{Нормативна контрола}}