Разлика помеѓу преработките на „Ортов Облак“

Додадени 8.570 бајти ,  пред 1 година
 
== Потекло ==
 
Ортовиот Облак се смета за остаток од првичниот [[протопланетарен диск]] кој се создал околу [[создавање и развој на Сончевиот систем|Сонцето]] приближно пред 4,6&nbsp;милијарди години.<ref name=Morbidelli2006 /> Најшироко прифатена хипотеза е дека телата од Ортовиот Облак се спојуваат многу поблиску до Сонцето како дел од истиот процес кој ги создал [[планета|планетите]] и [[астероид]]ите, но гравитационото заемнодејство со младите гасовити џинови ги исфрлило телата во крајно долги [[елиптична орбита|елиптични]] или [[параболична патека|параболични]] патеки.<ref name=Morbidelli2006 /><ref>{{cite web
|title=Oort Cloud & Sol b?
|url=http://www.solstation.com/stars/oort.htm
|publisher=SolStation
|accessdate=2007-05-26
}}</ref> Неодамнешните истражувања од НАСА, претпоставувајќи дека поголем број од телата од Ортовиот Облак се производ на размената на материјал меѓу Сонцето и неговите сродни ѕвезди како што тие се создале и се оддалечиле една од друга, и се верува дека големиот дел од телата во Ортовиот Облак не се создале во близина на Сонцето.<ref name="nasax" /> Симулациите поврзани со развојот на Ортовиот Облак од почетоците на Сончевиот систем до денес наведуваат дека масата на облакот го достигнала максимумот околу 800 милиони години по создавањето на истиот, како што судирите и кружното движење се намалиле со што започнало намалувањето на доставата на нов материјал и преовладува намалувањето на масата.<ref name=Morbidelli2006 />
 
Моделите на [[Хулио Фернандез]] предвидуваат дека [[расеан диск|расеаниот диск]], кој е главниот извор на [[периодична комета|периодичните комети]] во Сончевиот систем, можно е да биде и првичниот извор за телата од Ортовиот Облак. Според моделите, половина од расеаните тела патуваат кон Ортовиот Облак, додека пак четвртина се насочени кон Јупитеровата орбита, и четвртина се исфрлени во [[хипербола|хиперболични]] орбити. Расеаниот диск се уште го снабдува со материјал Ортовиот Облак.<ref>{{cite journal
|author=Julio A. Fernández
|author2=Tabaré Gallardo
|author3=Adrián Brunini
|last-author-amp=yes
|date=2004
|title=The scattered disc population as a source of Oort Cloud comets: evaluation of its current and past role in populating the Oort Cloud
|journal=Icarus (journal)
|volume=172 |issue=2 |pages=372–381
|bibcode=2004Icar..172..372F
|doi=10.1016/j.icarus.2004.07.023
}}</ref> Третина од телата на расеаниот диск најверојатно ќе се најде во Ортовиот Облак по 2,5&nbsp;милијрди години.<ref>{{cite book
|author=Davies, J. K.
|author2=Barrera, L. H.
|date=2004
|title=The First Decadal Review of the Edgeworth-Kuiper Belt.
|url=https://books.google.com/?id=WuDdVbJf_d8C&pg=PA43&dq=+oort+cloud
|publisher=Kluwer Academic Publishers
|isbn=978-1-4020-1781-0
}}</ref>
 
Компјутерските модели предвидуваат дека судирите на кометарниот отпад за време на периодот на создавање одиграле поголема улога отколку што порано се мислело. Според овие модели, бројот на судирите во почетокот на Сончевиот систем бил толку голем што поголемиот број од кометитите биле уништени пред да стигнат до Ортовиот Облак. Затоа, моменталната збирна маса на Ортовиот Облак е далеку помала од онаа која се очекувала.<ref>{{cite journal
|author=S. Alan Stern
|author2=Paul R. Weissman
|date=2001
|title=Rapid collisional evolution of comets during the formation of the Oort Cloud
|journal=Nature (journal)
|volume=409 |issue=6820 |pages=589–591
|bibcode=2001Natur.409..589S
|doi=10.1038/35054508
|pmid=11214311
}}</ref> Проценетата маса на облакот е само мал дел од 50 до 100-те Земјини маси, исфрлен материјал.<ref name=Morbidelli2006 />
 
Гравитационото заемнодејство со блиските ѕвезди и [[галактичка плима|галактичката плимна сила]] ги изменилаорбитите на кометите правејќи ги да повеќе да наликуваат на кружници. На овој начин се објаснува скоро сферниот облик на надворешниот Ортов Облак.<ref name=Morbidelli2006 /> Од друга страна, Хилсовиот облак, које посилно сврзан со Сонцето, не поседува сферен облик. Неодамнешните изучувања покажале дека создавањето на Ортовиот облак, нашироко соодвествува со хипотезата дека [[Сончев систем|Сончевиот систем]] се создал како дел од сврзаното [[ѕвездено јато|јато]] од 200–400 ѕвезди. Овие млади ѕвезди имале улога во создавањето на облакот, бидејќи бројот на блиските ѕвездени минувања во јатото бил поголемн од денешниот, што доведувало на голем број на пертурбации.<ref>{{cite journal
|author=R. Brasser
|author2=M. J. Duncan
|author3=H.F. Levison
|date=2006
|title=Embedded star clusters and the formation of the Oort Cloud
|journal=Icarus (journal)
|volume=184 |issue=1 |pages=59–82
|bibcode=2006Icar..184...59B
|doi=10.1016/j.icarus.2006.04.010
}}</ref>
 
Во јуни 2010 година [[Харолд Левисон]] и останатите предвиделе дека врз основа на засилените сметачки симулации, Сонцето „зафатило комети од другите ѕвезди доека се наоѓало во [[Расеано ѕвездено јато|родното јато]]“. Нивните резултати наведуваат дека „значаен дел од кометите во Ортовиот Облак, повеќе и од 90%, се од протопланетарните дискови на соседните ѕвезди“.<ref>{{cite journal | author1 =Levison, Harold | title =Capture of the Sun's Oort Cloud from Stars in Its Birth Cluster | journal =Science | volume =329 | issue =5988 | pages =187–190 | date =10 June 2010 | doi =10.1126/science.1187535|bibcode = 2010Sci...329..187L |display-authors=etal | pmid=20538912}}</ref><ref>{{cite web | title =Many famous comets originally formed in other solar systems | work =Southwest Research Institute® (SwRI®) News | date =10 June 2010 | url =http://www.swri.org/9what/releases/2010/cometorigins.htm | deadurl =yes | archiveurl =https://www.webcitation.org/6H9vGLJk6?url=http://www.swri.org/9what/releases/2010/cometorigins.htm | archivedate =5 June 2013 | df = }}</ref>
 
== Поврзано ==