Франц Конрад фон Хецендорф: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Конрад фон Хецендорф ''' бил австроунгарски генерал и началник...
(нема разлика)

Преработка од 23:21, 11 јуни 2018

Конрад фон Хецендорф бил австроунгарски генерал и началник на генералштабот на австроунгарската војска на почеток на Првата светска војна .

Биографија

Роден е во предградието на Виена на 11 ноември 1852 година во семекство на пензионираниот генерал кој потекнувал од Моравска. Његовиот прадеда се стекнал со благородничка титула, па според тогашните обичаи тој станал војник многу млад, а имал и можност за брзо напредување во хијарархијара. Началник на генералштабот на австроунгарската војска станал во 1906 година. Бил познат по постојано заложување за модернизација на оружените сили на Австро-Унгарија. Верувал дека судирот помеѓу германската и словенската цивилизација е неизбежен. Се спротиставувал на Унгарската елита во заедничката држава, бил наклонет на Германија и се заложувал за слабење на Унгарското влијание. Бил загрижен и поради италијанските амбиции на Балканот.

Сепак, неговата најголема желба била превентивна војна против Србија, за да се намали закана за која тој верувал дека постои. Војна против Србија прв пат ја предложил во 1906 година, па потоа во 1908, па во 1909, како и во октомври 1913, и во мај 1914 година. Забележано е дека во тек на 1913 година, дваесет пати предложил војна против Србија.

Прва светска војна

Бил еден од главни заговарачи на војна против Србија по убиство на престолонаследникот Франц Фердинанд. Хецендорф предлагал нереални и грандиозни планови, не обрнувајќи внимание на терен, време и можности. Српската војска се покажала многу поефикасна од она што тој предвидувал. Његовите први офанзиви против Италија исто така биле лошо водени и се завршувале со големи човечки загуби. Во првата воена година, неговите погрешки скапо ја чимеле австроунгарската војска. Најкатастрофалнииот пораз го доживеал во тек на Брусиловата офанзива, кога абстроунгарската војска имала над 1,5 милион загуби. Потоа австроунгарската војска не можела да дејствува без да се потпира на германските сили. Постои и спротивно мислење на британскиот историчар Сирил Фолс кој тврдел дека Хецендорф бил најдобар стратег и дека германските генерали ги исползувале неговите планови. Кон крајот на 1917 година, неговиот цар Карл го сменил од место началникот на генералштабит. Во 1918 година добил титула гроф. Починал на 25 август 1925 година во Пенцинг, предградието на Виена.

Наводи