Шлифенов план: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
Шлифенов план го носи името според неговиот автор, грофот [[Алфред фон Шлифен]]. Планот требало да се реализира со брза мобилизација, занемарување на неутралноста на [[Белгија]] и [[Луксембург]] и предвидувал силен пробој на германското десно крило низ Белгија и северна Франција во насока на југозапад. За тоа време би се одржувала дефанзивната позиција на централниот дел и на левото крило во [[Лорена]], [[Мозел]] и [[Вогези]]. Основната идеја на планот била, во војната на два фронта да се оствари прво брѕата победа на Запад, пред на [[Русија]] да ѝ се даде можност да се мобилизира и да ја донесе својата војска до Источна Прусија. Планот предвидувал [[Париз]] да биде освоен во рок од 39 дена. Париз не требало да биде заземен, туку десното крило на германската армија требало да помине западно од Париз. Идејааа на планот не била да се заземат градови или индустрија, туку да се зароби поголемиот дел на француската војска и Франција да се принуди да се предаде. Всушност тоа било повторување на стратегијата со која Франција била поразена во [[Француско-пруска војна |Француско-пруската војна]].
 
Планот бил направен по спогодбата за Антанта помеѓу Франција и Велика Британија. Кајзер [[Вилхелм II]] од началникот на генералштабот [[Алфред фон Шлифен]] барал да смисли план за војна на два фронта. Од декември [[1905]] година, фон Шлифен го претставувал планот. Шлифен и [[Хелмут фон Молтке Помладиот]] биле заведени од можност да евентуално извршат двојно опкружување на целата француска војска со десното крило, кое би дошло од север и запад и со левото крило од исток. Инспирацијта ја нашле во прочуената [[Битка кај Кана]] на [[Ханибал]] во [[216]] година п. н. е. Шлифеновиот план на некој начин бил стратешко обнавување на тактиката на Ханибал со користење на напредна комуникација и транспорт.
Политичкиот недостаток на планот било вмешувањето на неутралните држави [[Белгија]] и [[Холандија]] со инвазија.
Планот предвидувал многу бавна мобилизација на Русите поради лошата железница. По брза победа врз Франција, германските сили би биле префрлени на [[Источен фронт (Прва светска војна|Источниот фронт]]. Според планот 91% од војската требало да биде префрлен во[[Франција]], а само 9% кон [[Русија]]. Се предвидувало Франција да биде поразена за 6 недели, со убедување дека толку и е потребно на Русија за да мобилизира војска.
 
== Модификације на планот 1906. ==