Разлика помеѓу преработките на „Комедија“

Додадени 506 бајти ,  пред 2 години
дополнување, ситна поправка
с
(дополнување, ситна поправка)
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Книжевност}}
'''КомедијаКомедијата''' е [[грчки јазик|грчки]] збор и значи весела песна. Комедијата е вториот основен вид [[драма]], во кој судирот, дејствието и личностите се прикажани во смешна форма. НакраткоНазивот речено,потекнува воод [[грчки јазик|грчкиот јазик]] и значи весела песна. Во комедијата се прикажува смешното во животот., а Смешнитесмешните појави обично се случуваат поради несообразноста меѓу тоа што е нормално, вообичаено и логично и отстапувањето од тоа. Смешни, според [[Аристотел]], се некоја грешка, некое безобразие, кои кај никого не предизвикуваат страдања и за никого не се погубни. Личностите во комедиите сакаат да се прикажат во поинаква светлина, спротивна од вообичаеното однесување, дејствување и зборување. Тие како да се надвор од реалноста, им недостасува разумен начин на живеење. Комичните личности не се одбивни, тие се смешни. Токму поради оваа своја особина тие придонесуваат драмското дејствие да разведрува, наспроти фактот што пистаелотписателот во комедијата често пати преку [[хумор]]от сака нешто да исмее.
 
== Видови Комедии ==
 
Според тоа на кого, или на што, се однесува смешното во комедиите, тие се делат на неколку видови: комедија на карактери, комедија на нарави, комедија на интрига и [[комедија дел арте]].
 
* '''Комедија на карактери''' - Комедија на карактери е комедија во која смешното се однесува на [[карактер]]от на главниот лик во комедијата. Најчести негативни особини што се извор на смешното се: скржавост, лекоумност, саможивост, глупост, вообразеност, подлост, лицимерство, завидливост, мрзливост, љубоморност и друго. Кога некоја од овие негативни особини ќе стане доминантен белег во карактерот на главниот лик, тогаш таа станува типичен носител на таа особина. Така, постојат комични типови на скржавци, лицемери, мрзливци и други. Најпознати комедиографи на овој вид комедии се: [[Тит Макциј Плаут]], [[Вилијам Шекспир]], [[Молиер]] и други.
 
* '''Комедија дел арте''' - Комедијата дел арте, односно комедијата со [[маска|маски]], всушност, е комедија спектакл, или артистичка импровизација на кратко сценарио со клиширана содржина. Комедијата дел арте не го содржи целиот текст, туку само интригата - недоразбирањето прикажано во сценариото. Ликовите во овие комедии се: слуга и господар, слугата секогаш навидум е недоветен, препреден и снаодлив, а трговецот - скржав. Други ликови кои се појавуваат во овие комедии се: слугинка, куртизана, војник фалбаџија, недоучен учител и други. Основната интрига најчесто претставува судирот меѓу млaди и стари; сиромашни и богати; бистри и глупави и друго. Главни носители на драмското дејствие биле слугите и слугинките. Кoмедијата дел арте се родила во време на [[ренесанса]]та, како израз на веселиот и богат ренесансен живот. Таа траела до [[17 век]], а потоа е заменета со [[реализам|реалистичката]] драма.
 
==За комедијата==
Во [[роман]]от „[[Дон Кихот]]“, Сервантес вели дека е добра за [[општество]]то, зашто таа е огледало на постапките од човековиот живот и од нема подобро средство за прикажување на тоа какви сме и какви треба да бидеме.<ref>Мигел де Сервантес, ''Дон Кихоте 2''. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 95.</ref>
 
== Види исто така ==