Димитрије Митриновиќ: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 23:28, 6 јуни 2018

Димитрије Митриновиќ (Доњи Поплат, 21 октомври 1887 — Ричмонд крај Лондон, 28 август 1953) бил српски авангарден критичар, теоретичар, филозоф, есејист, поет и преведувач.

Димитрије Митриновиќ
Податотека:DimitrijeMitrinovic.jpg
Роден октомври 21, 1887(1887-10-21)
Доњи Поплат  Австроунгарија
Починал 28 август 1953(1953-08-28) (возр. 65)
Ричмонд крај Лондон  Обединето Кралство

Биографија

Роден е во Поплат (во денешна Општина Берковиќ). Детството го поминал во Зови Дол крај Невесиње каде биле што неговите родители биле учители.[1] Основно училиште завршил во Благај, гимназија во Мостар, а студии по филозофија, психологија и логика во Загреб, Београд, потоа во Виена и Минхен. Апсолвирал во Тибинген во 1914 година.

Работел во уредништвото на Босанска вила (19101913). Првата светска војна ј апоминал во Лондон, каде го покренал и уредувал списанието New Age (Ново време), кој подоцна прераснал во списанието New Europe. Митриновиќ исто така е и иницијатор на Антибарбарус клуб, Адлерово друштво за студии по индивидуална психологија.

Првата своја песна, Ленто долоросо, ја објавил во Босанска вила во 1905, под псевдонимот М. Димитријевиќ, под кој подоцна воглавно објавувал поезија. Покрај тој, го користел и псевдонимот Антицус.

Покрај во Босанска вила, објавувал песни и во списанијата: Бранково коло (19061907, 19091911), Дело (1906), Нова искра (1906-1907), Срѓ (1906-1908), Српски књижевни гласник (1906, 1908, 1911), Словенски југ (1908), Вардар (1910), Зора (1910), Хрватски ѓак (1908-1909, 1911), Одјек (1912), Савременик (1911).

Митриновиќ е творец на футуристичкиот манифест во српската книжевност (Естетски контемплации, Босанска вила, 1913).

Повторно откривање на делата на Димитрија Митриновиќ е заслуга на Предраг Палавестра. Тој во хрестоматијата Книжевност на Млада Босна (Књижевност Младе Босне) (Сараево, 1965), во целост го рехабилитирал Митриновиќ, го вратил во контекстот на српската авангарда. Во таа смисла, значајна е и палавестрината монографија Догма и утопија на Димитрија Митриновиќ. Почетоци на српската книжевна авангарда (Догма и утопија Димитрија Митриновића. Почеци српске књижевне авангарде )(Белград, 1977).

Референци

Литература

  • Гојко Тешић, Антологија песништва српске авангарде (1902—1934), Светови, Нови Сад, 1993.

Надворешни врски

  1. МОЖДА НИСТЕ ЗНАЛИ О НЕВЕСИЊУ (31 )Радио Невесиње, 19. 3. 2013.