Именка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник
Ред 141:
== Образување на именките ==
Во македонскиот јазик имаме многу продуктивни наставки од кои се изведуваат нови именки и на тој начин се збогатува речникот. Се разбира, голем е бројот на основните (неизведените) [[именки]], но тука ќе ги разгледаме именките кои се образувани од други видови зборови.
Именките се образуваат на повеќе начини: без суфиксинаставки (жал), со суфиксинаставки (жалба), со префиксипретставки (натпревар), со префиксипретставки и суфиксинаставки (изградба) и сложени од два збора (вратоврска).
 
=== Именки образувани од глаголи ===
Именките може да се образуваат од глаголи бессуфикснобезнаставно:
чекор, збор, настан, помин.
 
Најчести наставки (суфикси) се:
* -ец : борец, ловец, стрелец;
* -ик, -ник : галеник, затвореник;
* -тел : родител, учител, пријател, писател;
* -ње : викање, одење, стоење; (глаголска именка)
* -ба : изградба, состојба, молба, приредба;
* -ач : купувач, водач, тепач;
* -еж : грабеж, палеж, грмеж, метеж;
* -а : работа, смеа, врева, игра, покана, мака;
 
=== Именки образувани од придавки ===
На основата од придавката се додаваат следните суфиксинаставки:
* -ец : старец, убавец, слепец;
* -ство : богатство, мајчинство;
* -ина : широчина, височина, тежина, светлина;
* -ост : милост, старост, гордост;
* -отија : самотија, тешкотија, глувотија.
 
=== Именки образувани од броеви ===
И од броевите може да се образуваат именки, и тоа со:
* -ица : единица, десетица;
* -ка : петка, двојка, тројка, шестка, седумка;
* -ина : половина, третина.
 
=== Именки образувани од именки ===
Од една именка со додавање на суфиксинаставки може да образуваме други именки:
* -ник : патник, љубовник, правник, зелник;
* -ар : чевлар, овчар, рибар;
* -ка : ѕверка, овошка, ногалка;
* -ец, - анец, - анин, -чанец (припадници на народности или населени места): Македонец, скопјанец, битолчанец, римјанин.
 
== Именките во реченицата ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Именка