Историја на Тунис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-== Видете исто така == +== Поврзано ==)
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
Според археолошките истражувања, територијата на денешен [[Тунис]] била населена уште од најрани времиња. На 20 километри од денешниот град [[Гафса]] била пронајдена најстарата религиозна градба на светот, стата повеќе од 40.000 години која се состои од повеќе предмети посветени на духовите и силите на природата. Во [[неолит|неолитскиот период]] на овие простори опстојувала иберско-мавританската цивилизација и капсијанската култура. Во тој период, [[Сахара]] имала далеку поплодородна и поволна клима за човечкиот развој за разлика од денес. Во тоа време Тунис започнал да билде населуван од [[Бербери|берберски племиња]]. На територијата на Тунис од страна на [[Фенекија|фенекиските населеници]] се развила голема трговска мрежа, главно по [[Средоземно море|Средоземното море]] и [[Гибралатар|Гибралатарскиот теснец]]. Една од најважните бази кои биле формирани е [[Картагина]], основана во [[814 п.н.е.]] Според легендата, градот бил основан од страна на кралицата Елиса, сестра на [[Пигмалион]].
 
Во периодот од [[6 век п.н.е.]] и [[5 век п.н.е.]], [[Картагина]] започнала да се одвојува од старограчката култура, создавајќи своја сопствена цивилизација на територијата на [[Северна Африка]] и делови од [[Средоземно море]]. Картагина се проширила и кон север и југ каде трговијата и била основната дејност. Во почетокот на [[3 век п.н.е.]] [[Картагина]] станала голема поморска и трговска сила која целосно ја контролирала трговијата и пловидбата во водите на Средоземното море. Таа поседувала и територии надвор од Африка: јужниот дел од [[ИберискиПиринејски полуостровПолуостров|ИберискиотПиринејскиот полуостровПолуостров]], западна [[Сицилија]], [[Корзика]], [[Сардинија]] и [[Малта]].
 
По уништувањето на старогрчката култура од страна на [[Римска република|Римската република]], единствениот главен противник на Римјаните за контрола на Медитеранот им останал Картагина. Поради ова, во [[264 п.н.е.]] започнале т.н. [[Пунски војни]]. [[Прва пунска војна|Првата пунска војна]] се водела главно во [[Сицилија]]. Војната траела до [[241 п.н.е.]] По 20 години Рим излегол победник, конечно освојувајќи ја Сицилија и приморувајќи ја победената Картагина да плаќа огромни отштети. [[Втора пунска војна|Втората пунска војна]] водена помеѓу [[218 п.н.е.]] и [[201 п.н.е.]]<ref>Chris Scarre, "The Wars with Carthage," ''The Penguin Historical Atlas of Ancient Rome'' (London: Penguin Books, 1995), 24-25.</ref> во која Картагина повторно доживеала пораз. Пунскиот водач [[Ханибал]] во почетокот постигнал големи успеси, но на крајот бил сопрен од страна на [[Скипион Африканецот]]. По [[Трета пунска војна|Третата пунска војна]], Рим целосно ја уништил Картагина во [[146 п.н.е.]] Причина за избивањето на војната биле растечкото нерасположение кон Рим во [[Шпанија]] и [[Грција]], како и подемот во поморската моќ и во богатството што го имала Картагина во 50-те години по Втората Пунска војна. По крајот на Пунските војни, земјата станала римска провинција Африка. Утика станал главен град на провинцијата. Во [[44 п.н.е.]] [[Јулиј Цезар]] одлучил на овие простори да основа колонија, но тоа се остварило во времето на [[Октавијан Август]], неколку децении покасно. По неколку години Картагина станала главен град на провинцијата. Картагина била важно подрачје за Римјаните, главно поради производството на пченица и различни житарници. Тунис станал седиште на римско-африканската цивилизација.