Пунски војни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Пунските војни''' биле војни помеѓу [[Римска Република|Римската Република]] и [[Картагина]] водени помеѓу 264. и 146.г.п.н.е.<ref>Chris Scarre, "The Wars with Carthage," ''The Penguin Historical Atlas of Ancient Rome'' (London: Penguin Books, 1995), 24-25.</ref> Тие се познати како Пунски војни според латинското име (''punici, poenici'') за претците на картагинците - [[Феникија|феникијците]].
 
Главната причина за војните бил судирот на интересите помеѓу Картагинското царство и Римската Република која била во подем. На почетокот на првата војна, градот-држава Картагина била доминантна сила во западното [[Средоземје]] со големо поморско царство кое се протегало по брегот на Иберискиот[[Пиринејски полуостровПолуостров|Пиринејскиот Полуостров]], островите во [[Средоземно Море|Средоземното Море]] и во северна Африка од Египет до Атлантскиот океан. Во меѓувреме, Рим завладеал со целиот Апенински полуостров и тежнеел да се прошири понатаму.
 
Со крајот на третата војна, по повеќе од 100 години војување и смртта на стотици илјади војници на обете страни, Рим го освоил Картагинското царство и го уништил градот до темел. Во истиот период, Рим водел војни напоредно и со Илирија, Македонија и Сирија, кои исто така завршиле со победа. Со тоа Рим станал доминантна сила во тогашниот познат свет.