Кога јагнињата ќе стивнат (филм): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 44:
Кларис се изненадува кога открива дека Лектер ѝ оставил уште трагови за Бил во досието. Со помош на својата цимерка, Кларис открива нешто карактеристично во начинот на убивање на Бил. Фредерика Бимел била првата убиена жртва, но е пронајдена трета по ред, што значи дека Бил сакал да го скрие нејзиниото тело. Кларис претпоставува дека Фредерика приватно го познавала Бил.
 
Крафорд ја праќа Кларис во родниот град на жртвата, [[Белверд]], [[Охајо]], каде открива дека таа била кројачка. Облеката во нејзиниот ормар има облик на ромб, исто како закрпите од кожи кои Бафало Бил ги одрал од последната жртва. Кларис открива дека Бил е вешт кројач кој сака да се трансформира во жена носејќи „женско одело“ од вистинска кожа. Таа му се јавува на Крафорд, кој веќе тгналтргнал да го уапси. Лектеровата теорија за транссексуална хирургија ја довела полицијата до Џејм Гамб, од болницата Johns Hopkins Hospital. Крафорд го предводи нападот на ординацијата на Гамб, додека специјалци одат во неговата куќа. Кларис продолжува испрашувајќи ги пријателите на Бимел.
 
Кларис дознава дека Бимел некогаш работела за извесна г-ѓа Липман, но на вратата на нејзината куќа отвора маж кој се претставува како Џек Гордон. На Кларис ѝ текнува дека Гордон е Бафало Бил и дека вистинското име му е Џејм Гамб. Во куќата успева да види трагови кои посочуваат на тоа. Го вади својот пиштол и се обидува да го уапси, но тој одеднаш се губи во подрумот, а таа почнува да го следи. Ја наоѓа Кетрин Мартин, жива, во сув бунар. Светлото се гаси, оставајќи ги во потполн мрак. Гамб, носејќи ноќен двоглед, стои зад Кларис со пиштолот вперен во неа. Кларис слуша како тој го одблокира пиштолот, одеднаш се врти и пука во него. Повикува засилување, а Кетрин Мартин е спасена.