Разлика помеѓу преработките на „Фердинанд II (Свето Римско Царство)“

с
нема опис на уредувањето
с
с
Против протестантското востание, Фердинанд добил подршка од католичкиот сојуз кој ги вклучувал Полска, Шпанија и Баварија. Фердинанд II во [[Битка кај Била Гора|битката кај Била Гора]], на [[8 ноември]] [[1620]] година го победил [[Фридрих V Палатински]], кој бил лидер кај протестантите, а по битката побегнал во [[Холандија]]. Водачот на католичкиот сојуз, баварскиот војвода [[Максимилијан I (војвода од Баварија)|Максимилијан I]] ги конфискувал териториите на Фридрих, додека Фердинанд II повторно станал крал на Бохемија, а протестантското население или било прогонето или му било наложено да ја прифати католичката вера. Чешка со овој чин станала католичка земја, а под власта на [[Хабсбуршка династија|Хабсбуршката династија]] земјата останала во следните 300 години.
 
Фердинанд добил парична помош од папата и од Хабсбуршка Шпанија, но кога ги потрошил сите пари, сакал да пронајде начин како да создаде своја војска, па одлучил да го постави [[Албрехт Валенштајн]] на чело на својата армија со задача да регрутира нови војници и да ја предводи царската војска. Албрехт од своја страна сакал да поседува воен фонд, кој ќе биде единствено негов и сакал слободно да располага со воениот плен и парите кои би ги добивал. Така, воениот плен станал најзначаен начин на финанситање на војската. Албрехт Валенштајн најпрвин регрутирал 30,000 војниви, а подоцна оваа бројка пораснала на 100,000 војници. Царската војска со помош на католичкиот сојуз ги победил протестантите во [[ШлезијаШлеска]], [[Саксонија-Анхалт]] и [[Данска]].
По големите победи, Фердинанд го издал т.н. Реституциски едикт во 1629 година, според кој католичката црква морала да врати голем дел од црковните територии кои биле одземени од протестантите во 1552 година. Овој настан го налутил на шведскиот крал Густав Адолф, кој започнал војна против Фердинанд. [[Албрехт Валенштајн]] имал голема моќ во тоа време, голема армија, имот и финансии. Станал многу влијателен па често пати католичките сојузници го советувале императорот да го отргне додека не стане доцна. Ова се случило во 1630 година.