Васил Тоциновски: Разлика помеѓу преработките

Додадени 152 бајти ,  пред 5 години
#1Lib1Ref
[проверена преработка][проверена преработка]
(#1Lib1Ref)
Бил в.д. директор на [[Институтот за фолклор]] (1989-1992). Работи како научен соработник на [[Институтот за македонска литература]] при [[Универзитет „Св. Кирил и Методиј“|Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“]] во [[Скопје]], а од 2008 год. се до неговото пензионирање во 2014 год. работел како редовен професор на Катедрата за македонски јазик и литература на Филозофскиот факултет во [[Риека]], [[Хрватска]].
 
Бил главен и одговорен уредник на најстарото македонско книжевно списание за литература, култура и уметност „[[Современост]]“.<ref>Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 262 - 263.</ref>
 
Васил Тоциновски е потписник на 57 редакции и избори од македонското книжевно и публицистичко наследство, коавтор е на 17 енциклопедии, зборници, прирачници и учебници за средното образование, во земјата и странство публикувал 317 книжевно-историски студии и 431 рецензии за автори и дела од домашната и светската книжевност. Неговите трудови се преведувани на: германски, италијански, англиски, словачки, хрватски, српски, бугарски, словенечки, албански, полски, турски, француски, руски, романски и др.