Занаетчиство во Старата скопска чаршија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
дополнување
Ред 6:
 
=== Процут и појава на еснафи во XIX век ===
Занаетчиството во чаршијата било во полн процут во текот на XIX век, а кон крајот на столетието просторот на истата бил поделен врз основа на [[еснаф]]ската поделба меѓу занаетите.<ref name="старо-скопје">[http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/c14/c143.html#_ftn1 Занаетчиството во Скопската чаршија], ''staroskopje.vestel.com.mk''.</ref> Еснафот помагал во организирањето на целокупната работа на занаетчиите, па така тој ја пропишувал техниката на работа, начинот на снабдување со суровини, како и начинот на продавање. Во тој период, скопските еснафи се делеле по вероисповед на христијански и муслимански, но се јавувале и мешани еснафи. Мешаните еснафи се одликувале по тоа што имале два одделни печата, но во случај кога се јавувала потреба за заштита на производството од конкуренцијата, тие дејствувале заеднички. Односите меѓу занаетчиите пред воведувањето на правна регулатива се утврдувале врз основа на т.н. „стари обичаи“ кои биле почитувани и прифатени од страна на власта. Ваквите обичаи со текот на времето станале дел и од еснафските уредби и статути. Настанатите спорови меѓу членовите на еден еснаф биле решавани пред еснафски суд. Еснафите исто така ги обликувале општествените односи, начинот на живеење и градските обичаи, а занаетчиите заедно со трговците материјално и морално ги помагале борбите за црковно осамостојување, народна просвета и култура.<ref name="турска-чаршијазанаетчиство"/>
 
Врз основа на еснафската поделба бил организиран и просторот на самата чаршија. Според тоа, еден занает или повеќе помали и сродни занаети биле застапени во една улица или еден блок, со што биле создадени повеќе помали чаршии. Така, една од поголемите чаршии била Бакалската чаршија, која била дел од Покриената чаршија и се наоѓала на улицата Белградска. Во рамките на Покриената чаршија се наоѓала и Кафтанџиската, чијшто еснаф бил најголем, а занаетот најважен во Скопје во тој период. Кафтанџиската чаршија, пак, била една од најстарите чаршии воопшто во градот. Спроти Куршумли-ан се наоѓала Железарската чаршија, а кон неа се надоврзувала Опинчарската. Казанџиската чаршија била сместена на улицата Караорман и по неа продолжувала Туфекџиската, а во рамките на овие две биле сместени [[ибрикџија|ибрикџиите]]. На просторот на чаршијата постоеле уште Јорганџиска и Ковачка чаршија; Ќурчиска, која се наоѓала во близина на Ќурчи ан; Чибукџиска, која била веднаш до Казанџиската и Папуџиско одларе, кое се наоѓало јужно од Капан ан.<ref name="старо-скопје"/>
 
=== Застој и опаѓање по крајот на XIX век ===
Кон крајот на XIX век забележителен е период на застој во развојот на занаетчиството како последица на навлегувањето на европскиот капитал и појавата на евтините индустриски производи на пазарот. Многу од традиционалните занаети, како на пример кондураџискиот, абаџискиот, наланџискиот, терзискиот и срмаџискиот, започнале да изумираат во овој период, а на нивно место се развиле нови занаети, како што биле шапкарскиот, пегларскиот, кројачкиот, браварскиот и тапетарскиот занает. Во периодот по [[Прва светска војна|Првата светска војна]], членовите на поранешните еснафи се вклопувале во новооснованите занаетчиско–трговски комори. Зголемувањето на индустриската стока на пазарот довело до осиромашување и пролетизирање на занаетчиите, а со тоа и до пропаѓање на голем број занаети.<ref name="турска-чаршијазанаетчиство"/>
 
== Изучување на занаети ==
Изучувањето на занаетите во текот на XIX и првата половина на XX век било тесно поврзано со општествената положба на занаетчиите и една од функциите во еснафската организација. Општо образование занаетчиите, слично како и трговците и угостителите, стекнувале во основните училишта, додека со стручни знаења се здобивале во занаетчиските стручни училишта. Учениците на занаетчиите биле земани да ги изучуваат занаетите за период од 5 до 10 години, а понекогаш тој можел да биде и подолг, што зависело од особеностите на занаетот којшто требало да биде совладан. Кога започнувале да го изучуваат занаетот, мајсторот морал да ги снабди своите ученици со потребните алати за работа. Познато е дека секој занаетчија морал да обучи барем по еден син, што придонело кон пренесување на занаетот од колено на колено и создавање на занаетчиски семејства. На тој начин, имињата кои тие ги уживале како прекари прераснале дури и во нивни презимиња.<ref>М. Константинов, З. Делиниколова: „Занаетчиство и занаетчиски организации“, Етнологија на Македонија, Скопје 1996, стр. 65-81.</ref><ref>[http://www.staracarsija.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=237%3A2011-03-01-13-42-03&catid=55%3A2010-10-22-13-08-39&Itemid=90&lang=mk Образование], ''staracarsija.mk''.</ref>
 
== Занаети ==
=== Филигранско-кујунџиски занает ===
 
=== Ковачко-коларски занает ===
Од занаетите чија основна суровина е [[дрво]]то, застапени биле столарскиот и коларскиот занает, а исто така развиен бил и ковачкиот занает. Притоа, во чаршијата се развила богата традиција на украсување дрвени предмети со [[седеф]] и [[коска]]. Столарскиот занает бил застапен во голема мера, а како последица на изградбата на нови градби и зголемената побарувачка за современ мебел, тој брзо се ширел сè до развојот на дрвната индустрија. Коларскиот занает особено се развил во времето на изградба на колските патишта, но истиот почнал да замира со појавата на современите асфалтни патишта. Ковачкиот занает бил еден од најзастапените занаети во чаршијата, а со него претежно се занимавале [[Роми]].<ref name="занаетчиство"/> Освен овие, поврзани занаети кои биле застапени во чаршијата се качарскиот, наланџискиот и чибукчискиот занает кој бил изумрен уште во почетокот на XX век.<ref>[http://www.staracarsija.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=242%3A2011-03-17-08-25-25&catid=55%3A2010-10-22-13-08-39&Itemid=90&lang=mk Столари и колари], ''staracarsija.mk''.</ref>
 
=== Оружарски занает ===
Оружарскиот занает бил застапен со векови. Неговата појава и развој се поврзани со обичајот дека секој возрасен [[Турци|Турчин]] требало да биде вооружен. Произведеното оружје се продавало во посебни каравани во дуќаните, а Скопје прераснал во значајно место за изработка и украсување на оружје. Некои занаетчии кои се занимавале со оружарски занаети, како на пример пушкари, ножари, сабјари и изработувачи на кании, имале дури заеднички еснаф. Падот на овие занаети настапил по [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] од 1908 година, кога биле воведени мерки за разоружување на населението и било забрането производството на оружје.<ref>[http://www.staracarsija.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=238%3A2011-03-01-13-44-16&catid=55%3A2010-10-22-13-08-39&Itemid=90&lang=mk Оружарски занаети], ''staracarsija.mk''.</ref>
 
=== Фурнаџиско-слаткарски занает ===
Производството на прехранбени производи биле доста застапени во чаршијата, што овозможило широка застапеност на фурнаџиско-слаткарскиот занает. Освен производството на готови производи наменети за пазарот, фурнаџиите вршеле и други услуги, како на пример печење леб или месо за домаќинствата. Производството на [[симит]], [[погача]] и други печива и денес е во голем обем. Особено развиен бил и слаткарскиот занает со производство на различни видови на слатки, [[алва]], [[боза]], производи од шеќер и друго. Во склоп на чаршијата имало и посебна Шеќерџиска чаршија. Производите на овие занаетчии биле надалеку познати и барани.<ref>[http://www.staracarsija.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=259%3A2011-03-28-12-01-58&catid=55%3A2010-10-22-13-08-39&Itemid=90&lang=mk Фурнаџии и слаткари], ''staracarsija.mk''.</ref>
 
=== Терзиско-срмаџиски занает ===
Терзиско-срмаџискиот занает бил особено развиен, што се огледа преку постоењето на посебна Терзиска чаршија, во чиј простор биле групирани терзиските дуќани. Терзиите изработувале сложени делови од облека со разновидни поквалитетни материјали. Со развојот на европската мода, во чаршијата се појавиле и френктерзиите, кои изрбаотувале тесна облека која ја носеле чиновниците, учителите, како и некои трговци и еснафлии. Овој занает забрзано се развил во првите декади од XX век, но со појавата на индустриското производство започнал да опаѓа. Многубројни во чаршијата биле и срмаџиите, кои изработувале вез од [[срма]] и од [[свила]] на разни чоени и кадифени облеки. Срмените производи се извезувале до Босна, но денес овој занает е целосно изоставен.<ref name="терзиско-срмаџиски">[http://www.staracarsija.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=197%3A2011-01-18-12-02-18&catid=55%3A2010-10-22-13-08-39&Itemid=90&lang=mk Терзиско – срмаџиски занает], ''staracarsija.mk''.</ref>
 
=== Кафтанџиско-абаџиски занает ===
Кафтанџискиот занает бил еден од најзначајните и го сочинувал еден од најголемите еснафи. Неговите занаетчии биле групирани во покриената чаршија, каде работеле во околу 60 дуќани. Тие продавале различни видови на ткаенини, а изработувале и продавале и фустани минтани, елеци, антерии, шалвари и друго. Развиен и застапен бил и абаџискиот занает, чии мајстори изработувале облека од [[чоја]]. Сепак, со воведувањето на граѓанска облека, овој занает започнал да опаѓа и во периодот по Првата светска војна бил во изумирање.<ref>[http://www.staracarsija.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=199%3A2011-01-18-12-05-25&catid=55%3A2010-10-22-13-08-39&Itemid=90&lang=mk Кафтанџии и абаџии], ''staracarsija.mk''.</ref>
 
=== Ќурчиско-кожуварски занает ===
Најраспространети занаети поврзани со [[сточарство]]то биле кожарскиот, ќурчискиот и папуџискиот занает. Ќурчиско-кожуварскиот е еден од најстарите и најпознати занаети, чиј еснаф бил еден од највлијателните. Ќурчиите рачно изработувале разни згорни облеки, како ќуркови, џубиња, елечиња, селски кожуви, згорни капути и друго; додека кожуварите изработувале облека само од [[кожа]], но не прерабоувале кожа од дивеч.<ref>[http://www.staracarsija.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=168%3A2010-12-02-10-12-44&catid=55%3A2010-10-22-13-08-39&Itemid=90&lang=mk Ќурчиско - кожуварски занает], ''staracarsija.mk''.</ref>
 
=== Папуџиско-опинчарски занает ===
Производството на обувки во чаршијата било застапени преку папуџиите и опинчарите. Производите изработени од страна на папуџиите биле нашироко познати и се продавале сè до [[Босна]], а папуџискиот еснаф бил доста влијателен. Во чаршијата имало папуџиско одаларе со 14 папуџиски работилници, но денес истото не постои. Кон средината на XIX век, папуџискиот занает се поврзал со чевларскиот, кој во тоа време започнал да се развива како современ занает. Чевларите исто така имале свој еснаф, во кој членувале христијани, муслимани и [[Евреи]].<ref>[http://www.staracarsija.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=169%3A2010-12-02-10-19-46&catid=55%3A2010-10-22-13-08-39&Itemid=90&lang=mk Папуџиство], ''staracarsija.mk''.</ref> Како производители на обувки застапени биле и опинчарите, кои произведувале производи за пазарите или по порачка. Тие биле организирани во чаракчиски (опинчарски) еснаф, а имале и свој печат.<ref name="занаетчиство"/>
 
=== Други занаети ===
Во чаршијата биле застапени и други занаети поврзани со преработката на текстил, како на пример мутавџискиот, килимарскиот, јажарскиот и јорганџискиот занает.<ref name="терзиско-срмаџиски"/> Јорганџискиот занает започнал забрзано да се развива откако во градот започнале да се употребуваат кревети за спиење. Јорганџиите биле застапени во просторот на т.н. Јорганџиска чаршија, а имале и свој иеснаф со печат и целосно разработена работилница.<ref name="занаетчиство"/>
 
== Поврзано ==
Ред 20 ⟶ 47:
 
== Наводи ==
{{наводи|2}}
 
{{Стара скопска чаршија}}