Однесено од виорот (филм): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поврзница паричник
Нема опис на уредувањето
Ред 62:
'''Однесено од виорот''' е американски [[филм]] од [[1939]] година, според истоимениот [[роман]] на [[Маргарет Мичел]], добитник на [[Пулицерова награда]] во [[1936]] година. Филмот е продуциран од [[Дејвид О. Селзник]], режиран од [[Виктор Флеминг]], а сценариото е на [[Синди Хауард]]. Дејствието е поставено во [[19 век]], во југот на [[Америка]], а во него играат [[Кларк Гејбл]], [[Вивиен Ли]], [[Лесли Хауард]], [[Оливија де Хавиленд]], и [[Хети Мекданиел]], и меѓу другото, ја раскажува приказната за [[Американската граѓанска војна]] и реконструкција на ерата од [[Јужната точка]] на гледање.
 
Филмот има добиено 10 [[оскар]]и (8 конкурентни и 2 почесни), [[рекорд]] кој го задржува и наредните 20 години. [[Американскиот филмски институт]] во 1998 го вбројува во 100-те најдобри филмови на сите времиња, и го сместува на четвртото место. ОнесеноОднесено од виорот се смета за еден од надобрите љубовни филмови и траен симбол на златното време на [[Холивуд]]. Филмот е исто така е и најдолгиот американски звучен филм направен до тоа време, кој трае 3 часа и 44 минути, плус 15 минути пауза. Исто така е еден од првите големи филмови кои се снимени во боја , и добива Оскар од Филмската Академија за најдобар филм и во категоријата за колор филмови во боја. Однесено од виорот може да се пофали и со голема заработувачка од 400.176.459 долари, од неговото прикажување во кината, а до 2010 сумата е приближна до 2.984.000.000 долари, што го прави филм со најголема заработувачка на сите времиња.
 
== Содржина ==
=== Дел 1 ===
 
[[Дејство]]то на филмот почнува на една голема плантажа за памук која е наречена [[Тара]], во руралните делови на [[Џорџија]], во [[1861]]-ва година, пред почетокот на [[Граѓанската војна]] во Америка. [[Скарлет О' Хара]] (Вивиен Ли) флертува со двајцата браќа [[Тарлтон]], Брент (Фрет Крејн) и Стјуард (Џорџ Ривс), кој пак бил избркан од Универзитетот во Џорџија. Скарлет, Суелен (Евелин Кејс), и Карен (Ен Радерфорд) се трите ќерки на исрски емигрант Џералд О'Хара (Томас Мичел) и неговата сопруга Елен О'Хара, која пак е со француско аристократско потекло. Браќата Тарлтон и кажуваат на Скарлет тајна, која всушност е дека Ешли Вилкс (Лесли Хауард), во кого таа е тајно вљубена планира да се ожени со нејзината братучетка Мелани Хамилтон ( Оливија де Хавиленд), и дека свршувачката требало да се објави следниот ден, на скара кај Ешли, во близина на плантажата Твелв Окс. Кога Скарлет се наоѓа во Твелв Окс, забележува еден згоден господин, Рет Батлер (Кларк Гејбл), кој делува помалку измамнички, дека се обидува да ја заведе и шармира. Тој господин бил исврлен од Вест Поинт, но исто така и од неговото семејство во Чарлстон. Како таков, Рет, подоцна, во разговор со машките гости за веројатноста на војната, кеќе се најде во немилост, кога ке каже дека Југот нема никакви шанси во споредба со супериорната војска и индустриска моќ на Северот.
 
Скарлет, попладнето, се искрадува за да се најде со Ешли на самонасамо во библиотеката, каде му признава дека тајно е заљубена во него. На тоа Ешли и вели дека таа е многу атрактивна и привлечна, и дека секогаш потајно ќе ја посакува, но вели дека тој и слатката Мелани се многу покомпатибилни. Потоа таа го обвинува Ешли затоа што ја залажува дека ја сака и му удира шамар. Ешли тивко излегува од библиотеката, но нејзиниот гнев уште повеќе се зголемува кога сфаќа дека Рет ужива во попладневната дремка на каучот од библиотеката, и дека го слушнал целиот разговор. Скарлет ја насочува лутината на Рет велејќи му дека не е господин, на што тој возвраќа пак дека таа не е дама, но сепак и ветува дека кеќе ја чува нејзината грешна тајна. Скарлет брзајќи ја напушта библиотеката, а правењето скара е прекинато поради глесинитегласините дека војната започнала. Мажите поитуваат да се пријават, а жените се разбудени од попладневната дремка. Скарлет од прозорецот на горноит кат гледа како Ешли ја бакнува Мелани за збогум, а Мелани се засрамува од нејзиниот помлад брат Чарлс Хамилтон (Ренд Брокс), со кој па Скарлет пред тоа наивно флертува. Чарлс ја бара нејзината рака, пред да замине во војна. И покрај тоа што Скарлет воопшто не го сака, се согласува да се омажи за него, се цел да биде поблиску до семејството и да го направи Ешли љубоморен.
 
Чарлс набргу умира од напад на пневмонија и мали сипаници, служејќи во армијата, а Скарлет останува вдовица. Мјката на Скарлет за да ја орасположи ја испрака во домот на Хамилтонови во Атланта, а нивната добродушна и без влакна на јазикот куќна помошнича отворено и вели на Скарлет дека оди таму само за да го чека враќањето на Ешли.
 
Во Атланта, Скарлет и Мелани учествуваат во добротворен саем, каде и двете се изненадени од појавата на Рет, кој пак сега е херој кој помага на војниците и местата кои се блокирани, носејќи им храна и пренесувајки пораки од надворешниот свет, работејки како човек од доверба на Конфедерацијата, и покрај тоа што таа треба да е во длабока жалост, таа шепоти со него, и уште и ја прифаќа неговата покана за танго, со што Скарлет комплетно ја шокорашокира јавноста во Атланта. Додека играат, Рет и ја кажува неговата намера да ја освои, на што таа одговара дека тоа нема да се случи додека е жива.
 
Бранот на војната се свртува против Конфедерацијата, а по битката кај Гетисбург се убиени многу луѓе од градот на Скарлет. Ешли доага во посета за божиќните празници, при што Скарлет прави уште еден неуспешен обид да допре до срцето на Ешли, иако во меѓувреме тие споделуваат страсен бакнеж, пред Ешли повторно да замине во војна. Понатаму Скарлет и Мелани се грижат за еден војник (Клиф Едвардс) кој се наога во болница и се опоравува.
 
Осум месеци подоцна, градот е под опсада на Армијата на Унијата, и поради тоа Мелани мора да оди и напорно да работи. Скарлет, останувајќи верна на ветувањето кое му го дава на Ешли дека ќе се грижи за Мелани, со нејзиниотнејзината млад слугаслуѓинќа Приси ( Батерфлај Меквин), мора да го трнспотрирааттранспортираат детето без медицинска помош, затоа го повикува Рет да и помогне и да ја однесе на Тара со Мелани, Приси и бебето. Тој се појавува со запрежна кола, поведувајќи ги на опасно патување низ области со запалени складишта и магацини. Тој ја остава со речиси мртов коњ, беспомошно болната Мелани, нејзиното бебе, преплашениотпреплашената Приси, и со страсен бакнеж, на патот кој води до Тара. Таа грубо го отфрла, удирајќи му шамар поради неговата бесрамност, а тој од тука се враќа да се бори заедно со Армијата на Конфедерацијата. На патот до дома, Скарлет го догледува Твелв Окс запален, руиниран и напуштен. Иако градот е напуштен од сите, Скарлет на Тара го наоѓа нејзиното семејство, при што дознава дека нејзината мајка починала од треска, а дека нејзиниот татко го изгубил здравиот разум, а тука се и нејзините две сестри, и двајца слуги Мами и Порк (Оскар Полк). Во ограбената Тара од војниците на Унијата, необработливата земја, Скарлет се колне дека ќе направи се за да преживее таа и нејзиното семејство велејќи, „ Бог„Бог ми е сведок, никогаш повеке нема да бидам гладна“.
 
=== Дел 2 ===
 
Скарлет го организира своето семејство и слугите да работат на полињата и да собираат памук. Исто така убива дезертиран војник од Армијата на Унијата, кој сака да ги ограби, и во неговиот [[паричник]] наога доволно пари за да го прехрани семејството и слугите за одредено време. Со поразот на УнијатаКонфедерацијата, војната завршува. Ешли се врака на Тара, откако бил воен затвореник во војната. Мами едвај успева да ја задржи Скарлет да потрча докај него кога тој се среќава со Мелани. Истоштениот Ешли е од мала помош на Тара, а Скарлет го моли да побегнат заедно, иако тој и се исповедува дека чувствува голема страст спрема неа, ја бакнува страсно и сепак и вели дека неможене може да ја напушти Мелани.
 
Џералд О'Хара умира додекаоткако напаѓа од својот коњ кога го брка неговиот поранешен надзорник кој сакал да ја купи Тара. Скарлет, која ја има таа одговорност да го издржува семејството, сфаќа дека неможене може да ги плати даноците кои се воведени после војната. Знаејќи дека Рет се наоѓа во Атланта и верувајќи дека сеуште е богат, и вели на Мами да и направи раскошен фустан од завесите на нејзината мајка кои сеуште висат на прозорците во салонот. НоАма од нејзината посета дознава дека Рет е во затвор. Оди да го посети, но тој и кажува дека неговите странски банкарски сметки се блокирани, но дека сепак направила добар обид, но залуден.
 
Откако го напушта затворот во кој се наоѓа Рет, Скарлет се сретнува со свршеникот на нејзината сестра, средовечниот Френк Кенеди (Керол Нај), кој е успешен сопственик на продавница и работилница за преработка на дрво. Добивајќи брилијантна идеја, го лаже Кенеди велејќи му дека нејзината сестра се омажила за друг, и за брзо време станува Г-ѓа Кенеди. Потоа таа го превзема неговиот бизнис, од профитот купува пилана со која многу профитира за време на обновата на Атланта, и затоа што е подготвена да тргува со омразените Јенки, и вработувајќи осуденици во нејзината работилница.
 
Кога Ешли добива понуда за работа во банка на север,. Скарлет, плачејќи, го преколнува да остане велејќи дека и е потребанпотребен во фабриката, а ја искористува и симпатичната Мелани за да го омекне, и тој попушта. Еден ден Скарлет е нападната додека сама се враќала за кон дома. Вечерта после тоа, ФрекФренк, Ешли и дугите го возвраќаат ударот, при што Ешли е ранет, а Френк е убиен.
 
Едвај завршен погребот на Френк, Рет доаѓа во посета на Скарлет со предлог за брак. Скарлет прифаќа, но делумно и поради неговите пари. Тој ја бакнува страсно велејќи и дека еден ден ќе ја добие нејзината љубов, бидејќи смета дека тие двајца се исти. После нивниот меден месец во Њу Орлеанс, Рет и ветува на Скарлет дека ќе и ја врати на Тара нејзината поранешна возвишеност, на која ке може да ја изгради најголемата палата во Атланта. Скарлет и Рет добиваат ќерка. Скарлет сака нивната ќерка да се вика Еугенија Викторија, но Рет одлучува да и го даде името Бони Блу Батлер ( Кеми Кинг). Рет ја обожува неговата ќерка, гледајќи ја во неа духовитата, но помалку лакомалакомата Скарлет, таква каква што била пред војната. Тој исто така прави се што може за да стекне добро мислење кај јавноста во Атланта, се во интерес на неговата ќерка.
НоАма Скарлет сеуште чувствува болка за Ешли, и збеснува кога согледува дека нејзината фигура е уништена (половината и се зголемила од осумнаесет и пол инчи на дваесет), по што му кажува на Рет дека несакане сака да има други деца и дека нема повеќе да делат ист кревет. Поради тоа Рет збеснува и со нога ја крши вратата која ги раздвојува нивните соби, велејќи и дека неможене може да го држи подалеку , се додека тој сака да биде со неа.
 
Кога еден ден Скарлет оди во мелницата, го слуша носталгичниот Ешли, и кога сака да го утеши, прегрнувајќи го, во тој момент тие се шпионирани од две озборувачки меѓу кои и сестрата на Ешли, Индиа (Алисија Рет), која пак многу ја мрази Скарлет. Тие многу бргу ги шират гласините за тоа, а репутацијата на Скарлет е доведена во прашање. Подоцна и Рет дознава за тоа, и бидејќи Скарлет е тажна и не станува од кревет, Рет ја присилува да стане и да оди на роденденската забава на Ешли. Кога Скарлет пристигнува на забавата, добродушната Мелани срдечно ја пречекува, застанува до неа, со што на сите има дава до знаење дека не верува во тие озборувања. Истата вечер, во нејзиниот дом, Скарлет се искрадува , сакајќи да се напие, но го здогледува Рет кој е веќе пијан. Ослепен од љубомора, Рет и вели дека би ја убил доколку би знаел дека така ке го заборави Ешли. Потоа ја крева во раце и носејќи ја по скалите и вели дека ова е ноќ кога нема да дозволи таа да го отфрли. Следното утро, СкерлетСкарлет се буди со видливо задоволство на лицето, но Рет доаѓа да и се извини за синоќешното однесување, понудувајќи íи развод, но таа одбива да се разведе велејќи дека тоа би било голем срам. Потоа Рет одлучува да ја поведе Бони на патување во Лондон. Кога една ноќ Бони се буди во плач од кошмарен сон, Рет сфаќа дека сеуште и треба нејзината мајка да биде покрај неа. Рет и Бони се враќаат дома, а на Скарлет и е многу мило што го гледа, но тој одбива да се помири со неа. Но Рет забележува дека Скарлет изгледа некако поинаку, и дознава дека таа е повторно бремена. Ја прашува кој е татко на детето, а Скарлет му вели дека тој добро знае дека детето е негово, но дека таа и онака не го сака. Рет и вели да се расположи, дека може ќе и се случи некоја несреќа, на тоа таа збеснува, се нафрла врз Рет и паѓа по скалите, при што ќе го изгуби бебето. Поради тоа Рет чувствува голема вина, оплакувајќи и се на Мелани, но сепак се воздржува да и каже за вистинските чувства на Скарлет кои ги има за Ешли.
 
Како што Скарлет се опоравува, малата Бони се повеке наликува по нејзината импулсивност на нејзиниот дедо, и јавајќи на Пони во обид да ја прескокне оградата, Бони паѓа и го губи нејзиниот живот. Скарлет го обвинува Рет, а Рет се обвинува самиот себе. Мелани оди да ги посети во нивноитнивниот дом, да ги расположи малку и да ги смири, но и да го моли Рет да дозволи да ја погребат Бони какоза бида почивалапочива во мир. Но малку потоа Мелани колабира, затоа што била повторно бремена и била предупредена дека таа бременост би можела да ја убие. На смртната постела, Мелани ја моли Скарлет да се грижи за Ешли после нејзината смрт, а Скарлет се врти и гледа во Ешли. Испуштајќи здив Мелани исто така и вели да биде пољубезна со Рет бидејќи тој многу ја сака. Надвор од собата Ешли скршен од болка и солзи, се чувствува беспомошен без неговата сопруга. Кога Скарлет кеќе го здогледа таков, сваќасфаќа дека тој всушност ништо не и значи, и дека цело време сакала нешто што не постои. Веднаш радосна поитува дома, но го наоѓа Рет како се пакува и го напушта домот и неа. Го моли и преколнува да остане, кажувајќи му дека дури сега сфатила дека всушност го сакала него цело време, и дека никогаш вистински не била вљубена во Ешли. Но како и да е, Рет и кажува дека со смртта на Бони ја снемало и последната шанса за нивно помирување. Иако Скарлет продолжува да му повторува дека го сака, тој на тоа одговара дека тоа е за нејзина несреќа.
 
ИзлагувајќиИзлегувајќи низ вратата Рет, кој планира да се врати во неговоит роден ЧарлстаунЧарлстон, Скарлет го прашува што ќе биде со неа ако тој ја напушти, што би правела, кедекаде би одела? На тоа Рет гордо одговара: „ Искрено„Искрено драга, не ми е гајле“, и се губи во густата магла. Потоа цела во солзи и очај седнува на скалите мислејќи си: „ Па„Па што е тоа толку важно“, и во моментот и текнува на зборовите на Џералд, Ешли и Рет кои ја потсетуваат дека нејзината сила доаѓа од нејзината Тара. Набргу лицето и го облева голема надеж и вели: „ Тара„Тара! Дома. Ќе одам дома, и ќе смислам начин како повторно да го вратам! Па после се, утре е нов ден!“ На крај, Скарлет, уште еднаш, застанува непоколебливо пред Тара.
 
== Улоги ==