Бони и Клајд (филм од 1967): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 36:
 
==Продукција==
Филмот беше наменет да биде романтична и комична верзија на насилните гангстерски филмови од 1930-тите, обновени со модерни техники на снимање филмови. Филмот беше под силно влијание на режисерите од францускиот нов бран, како во брзите поместувања на тонот, така и во нејзиното уредно уредување, што е особено забележливо во затворањето на филмот. Сценариото на филмот беше првин испратено кај Артур Пен, од страна на пишувачите на сценариото - Давид Њумен и Роберт Бентон. Тој веќе беше ангажиран за продукција за филмот "The Chase" од 1966 година и во тој момент не можеше да се вклучи во филмот. Писателите потоа го испратија до Францоа Труфаут, познат директор од движењето на новиот бран, кој направи придонеси за сценариото. Ворен Бити слушнал за проектот кога бил на посета во [[Париз]]. Кога се врати во [[Холивуд]], Бити го побара сценариото на филмот и го купи. Бити зборувал со повеќе Американски директори за да го режираат филмот, но сите го одбиле, и најпосле зборувал со Артур Пен, кого успеал да го убеди да го режира филмот.
 
Бити одлучи и да го игра Клајд и беше потребна актерка, која ќе ја игра Бони. Неколку актерки беа на аудиција за улогата на Бони, но Бити сакаше Натали Вуд да ја игра Бони, ама таа ја одби улогата бидејќи се концентрираше на својата терапија и изјави сека работењето со Бити е тешко. Најпосле, Фаје Данавеј ја доби улогата на Бони.