Карадачки партизански одред: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Menkovata koliba, 1941.jpg|мини|леводесно|Менковата колиба, местото каде е формиран одредот]]
'''Карадачкиот партизански одред''' е формиран на [[12 октомври]] [[1941]] година. Заедно со [[Козјачки партизански одред|Козјачкиот партизански одред]] тој е прв партизански одред од [[Куманово]]. Разбиен е доста брзо, на [[14 октомври]], два дена по неговото формирање.
 
[[Податотека:Menkovata koliba, 1941.jpg|мини|лево|Менковата колиба, местото каде е формиран одредот]]
По донесувањето на одлуката за отпочнување на вооружено востание од страна на Покраинскиот комитет на [[Сојуз на комунистите на Југославија|Комунистичката партија на Југославија]] за Македонија, ноќта на 12 октомври 1941, борците на одредот се собрале на зборното место „Менкова колиба“, четири километри јужно од Куманово. Одредот бил составен од 15 борци, од кои 12 Македонци, двајца Албанци и еден Хрват.<ref>„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 669 стр.</ref> Речиси сите биле членови на [[КПЈ]] и [[СКОЈ]]. За командант на одредот бил назначен [[Боро Менков]], а за политички комесар [[Перо Георгиевски|Перо Георгиевски - Чичо]].
 
Ред 8:
Откако дознал дека одредот се наоѓа во воденицата, селскиот кмет веднаш ја известува бугарската полиција во Куманово.<ref>Јован Павловски „Судењата како последен пораз“, „Полог“, Тетово, 1977, 115-116 стр.</ref> Веќе следниот ден, на [[14 октомври]], в зори, бугарската војска и полиција, под команда на поручникот Љубомир Цеков, го напаѓа одредот и по едночасовна борба го разбиваат. Во битката загинуваат седуммина борци на Одредот, додека останатите осум се заробени.<ref>Миодраг Арсовски - Болто „Хронологија на позначајни настани од НОБ и Народната револуција во Куманово и Кумановско“, Куманово, 1974, 28-29 стр.</ref> Во борбата загинале [[Боро Менков]], [[Перо Георгиевски|Перо Георгиевски - Чичо]], [[Магдалена Антова]] (прва жена борец од Македонија која загина во НОВ), [[Киро Бурназовски]], [[Аритон Димковски - Тонко]] и [[Бајрам Шабани]], а [[Наце Буѓони|Наце Ивановски - Буѓони]] е стрелан на лице место. Останатите биле затворени.
 
На [[15 октомври]] [[1941]] година затворените борци на Карадачкиот одред се изведени пред бугарскиот Воен суд во Куманово, кој ги осуди на смрт со бесење, а со право на жалба, Евица Георгиевска - Кипра, Благој Думановски - Пецкалија, Бојан Милковски, Коста Јовчевски и Славко Георгиевски, додека Перо Менков и Алириза Јусуфи, како малолетни, ги осуди на 15 години строг затвор. На [[30 јануари]] [[1942]] година, смртната казна на осудените на смрт им е заменета со доживотна робија.<ref>[http://www.marxists.org/makedonski/istorija/makedonija/nob/karadacki-odred.htm Миодраг Арсовски — Болто, „Борбениот пат на Карадачкиот партизански одред“]</ref>
 
== Борци во Карадачкиот одред ==
Ред 33:
 
[[Категорија:Одреди во НОВМ]]
[[Категорија:Историја на Куманово]]