Ѓорѓи Гаврилски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
дополнување
Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
'''Примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски''' ([[Свети Николе]], [[1911]] – [[Скопје]], {{починал на|17|декември|1987}}), прв [[примариус]] и прв [[специјалист по општа медицина]] во Македонија. Учествуваше во [[НОВ]], беше член на [[АСНОМ]], секретар на [[Влада на Народна Република Македонија|Владата на НР Македонија]] и помошник министер за народно здравје. Со својот труд даде огромен придонес за развој на здравството во Македонија.
 
==Биографија==
{{Никулец за биографија}}
Ѓорѓи Гаврилски бил роден на 11 април 1911 година во [[Свети Николе]], како четврто дете на Павлина и Наце Гаврилски. Основно образование завршил во родниот град, а средно во Велес и Скопје. За време на школувањето во [[Велес]], Гаврилски морал да работи за да може да се издржува, односно давал приватни часови на деца од поимотните семејства. Во тој период се запознал со [[Бане Андреев Ронката]], со кого заедно и со неколкумина други, го организирале клубот „Македонија“. Клубот функционирал краток период, затоа што бил забранет од српските власти.<ref>Марјан Димитријевски и Стојан Ковачески: „Прим. д-р Ѓорѓи Гаврилски (1911-1987)“, Скопје-Свети Николе, 2007, стр. 18</ref> Во [[Белград]] се запишал на студии по општа медицина, каде дипломирал во 1937 година. Веднаш се вработил во Армијата на Кралска Југославија како специјалист по општа медицина, а во 1938 година службено бил пратен во [[Штип]], како лекар на Дваесет и третиот пешадиски полк на Кралската југословенска армија.<ref>Марјан Димитријевски и Стојан Ковачески: „Прим. д-р Ѓорѓи Гаврилски (1911-1987)“, Скопје-Свети Николе, 2007, стр. 19</ref> За време на својот престој во Штип, Гаврилски работел и приватна пракса, и често бил на терен, при што имал можност за политичка пропаганда меѓу населението. Но, офицерскиот кадар го доживувал Гаврилски како непријателски елемент, посебно затоа што се декларирал како Македонец.<ref>Марјан Димитријевски и Стојан Ковачески: „Прим. д-р Ѓорѓи Гаврилски (1911-1987)“, Скопје-Свети Николе, 2007, стр. 20</ref> Поради ова, Гаврилски бил казнуван со домашен притвор од 30 дена, како и со ноќни дежурства во болницата. Во текот на 1939 и 1940 година, Ѓорѓи Гаврилски заминал во Хигиенскиот завод во Скопје на усовршување за борба против [[маларија]].
 
Ѓорѓи Гаврилски се оженил со велешанката Лила Бондиќова, со која имал четири деца. Починал на 17 декември 1987 година во Скопје.
 
===Втора светска војна===
Пред започнување на [[Втората светска војна]], Гаврилски бил на служба во Призрен. Во 1941 година бил мобилизиран на границата кон Албанија, и токму во околината на градот Ѓаковица го дочекал почетокот на војната. По априлската војна, Ѓорѓи гаврилски бил заробен од Германците, а набргу успеал да добие пропусница да замине во Скопје, од каде се префрлил во Свети Николе, каде отворил приватна амбуланта.<ref>Марјан Димитријевски и Стојан Ковачески: „Прим. д-р Ѓорѓи Гаврилски (1911-1987)“, Скопје-Свети Николе, 2007, стр. 27</ref> Во април 1942 година, Гаврилски заедно со уште неколкумина свои сограѓани формирале Одбор за народна помош во Свети Николе, а неговата ординација била место за тајни конференции. На 28 јуни 1943 година, по предавство, бугарската власт извршила масовни апсења и затворања на симпатизери и помагачи на [[НОАВМ]], кога бил уапсен и Гаврилски, на кого му биле одредени 15 години строг затвор. Затворската казна ја издржувал во Скопскиот затвор, во иста ќелија со Перо Ивановски Тиквар, Александар Матковски, Даре Џамбаз, Коле Чашуле и други. Во декември 1943 година, Гаврилски бил преместен во затвор во Ќустендил, каде ја дочекал капитулацијата на Бугарија, по што бил ослободен и префрлен во ГШ на НОВ и ПОМ.
 
Гаврилски бил испратен во Софија од Лазар Колишевски и Вера Ацева, во Штабот на советскиот командант Толбухин, со задача да обезбеди оружје. За реализација на оваа мисија, Гаврилски трипати престојувал во Софија, при што успеал да ја снабди со санитетски материјал бригадата на македонски доброволци „Гоце Делчев“, која требало да замине за источна Македонија.<ref>Марјан Димитријевски и Стојан Ковачески: „Прим. д-р Ѓорѓи Гаврилски (1911-1987)“, Скопје-Свети Николе, 2007, стр. 34</ref> Бил делегат на Осмото заседание на Президиумот на АСНОМ, одржано на 27 октомври 1944 година, и претседател на Околискиот народноослободителен одбор во Свети Николе, како и секретар при обласниот НОО Скопје.
 
===Повоени активности и државни функции===
По ослободувањето, Ѓорѓи Гаврилски се вратил во Свети Николе, но набргу бил повикан да учествува во организирањето на македонскиот Медицински факултет во Скопје. Во мај 1945 година, Ѓорѓи Гаврилски се преселил со семејството во Скопје. Во 1945 година ја вршел функцијата помошник на министерот за народно здравје. На 18 април 1946 година, Гаврилски бил избран за член на Законодавниот одбор при Народното собрание. Во 1947 година, бил повикан да го предава предметот „Епидемиологија“ на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 1949 година бил избран за вонреден професор. Во учебната 1949/1950, Гаврилски бил избран за продекан.<ref>Марјан Димитријевски и Стојан Ковачески: „Прим. д-р Ѓорѓи Гаврилски (1911-1987)“, Скопје-Свети Николе, 2007, стр. 40</ref> Меѓу другите државни функции, Ѓорѓи Гаврилски бил втор претседател на Македонското лекарско друштво, како и директор на Сојузниот институт за тропски и маларични болести во Скопје.
 
Но, во 1949 година, Гаврилски бил следен од органите на УДБ, и двапати приведен. Во 1951 година, бил исклучен од од членството на Сојузот на комунистите на Македонија, а потоа бил разрешен од државните функции, по што бил преместен со работа како лекар по општа медицина во Клиниката на Бит Пазар. Набргу потоа, Гаврилски отворил приватна ординација во просториите на куќата во која живеел со семејството. По забрана на приватна лекарска пракса, Гаврилски почнал да работи во здравствениот дом „Железничар“, каде бил управник од 1961 година до пензионирањето во 1981 година.
 
==Награди и признанија==
За своите заслуги, примариус доктор Ѓорѓи Гаврилски бил награден со повеќе признанија, меѓу кои: Орден на заслуги за народ, Орден за трудот од II ред, Орден на братството и единството, Златен медал на Црвениот крст, Повелба на Сојузот на лекарските друштва на Југославија, повелбата „Трифун Пановски“ и други.
 
==Литература==
* Марјан Димитријевски и Стојан Ковачески: „Прим. д-р Ѓорѓи Гаврилски (1911-1987)“, Скопје-Свети Николе, 2007.
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Учесници во НОВ]]