Герман Дамовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
наставка= |
роден-дата= {{роден на|1|септември|1899}} |
роден-место=село {{роден во|Герман (ЛеринЛеринско)|Леринско|Егејска Македонија}} |
починал-дата= 1959 |
починал-место= [[Софија]], [[Бугарија]] |
}}
 
'''Герман Петров Христов - Дамовски''' е роден на {{роден на|1|септември|1899}} година во село [[Герман (ЛеринЛеринско)|Герман]], [[Егејска Македонија]]. Син е на војводата [[Петар Христов-Германчето]].
 
Во [[1916]] година емигрира во [[Бугарија]] поради тортура од страна на грчките власти. Во [[1918]] година му се придружува на работничкото движење во [[Софија]], а во [[1924]] година станал мајстор шивач. Соработувал со лево ориентирани македонски емигранти и бугарски комунисти. Во [[1934]] учествувал во убиството на пунктов начелник на [[ВМРО]] во градот [[Варна]]. Осуден на смрт од ВМРО, исто и од бугарски суд, но подоцна е оправдан. Во [[1937]] година е интерниран во градот [[Котел]] заради поддршка на комунистичкото движење, а во [[1938]] пак е интерниран во градот [[Берковица]], [[Клисурски манастир]], во врска со убиството на генералот [[Пеев]].
Ред 16:
За време на [[Втората светска војна]], [[1941]] им помагал на заробеници од италијанскиот фронт. Во [[1943]] година група од 5 илегалци, коишто доаѓале во [[Македонија]] од [[Србија]], начело со [[Богоја Фотев]] биле уапсени на гара [[Ристовец]] од бугарската полиција. Благодарение на врските на Герман Дамовски со бугарски комунисти во разни служби, тие се ослободени. Истата година се враќа со семејството во Македонија и се поврзува со партизаните кај селото [[Бистрица (Битолско)|Бистрица]], [[Битолско]].
 
Во [[1945]] година се присоединува кон [[Грчка граѓанска војна|борбата против грчката власт]] како организационен секретар на Окружниот одбор на НОФ за [[Лерин|Леринско]]. Помага за изградба на македонски училишта, подготовка на македонски учители, создавање на ансамбли итн. во селата [[Герман (ЛеринЛеринско)|Герман]] и [[Желево]]. Дејствува како партизан и организатор во Преспанско, Леринско, Костурско, Кајларско. Се истакнува во 74 дневните борби на [[Грамос]], се до капитулацијата на [[ДАГ]] во [[1949]] година кога повторно емигрира во [[Полска]].
 
Наклеветен од грчки комунисти како божемен [[титоизам|титовист]], на [[23 ноември]] [[1949]] е исклучен од [[КПГ]]. Во [[март]] [[1950]] е затворен. Вроцлавскиот градски суд одлучува да биде ослободен, но во [[1952]] наново е покренат процес против него од страна на грчките комунисти, заради неговиот цврст став за правата на Mакедонците, и пак оправдан. Во град [[Згожелец]] третпат е уапсен и екстрадиран во [[Бугарија]]. Таму во [[април]] [[1952]] година наново e суден и испратен во логорот [[Белене]], кадешто престојува се до [[6 јануари]] [[1954]].