Бугарофили: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Одбиени последните 2 промени (од Sashko1999) и ја поврати преработката 3669315 на Sashko1999
Ред 1:
{{НГТ}}
'''Бугарофилија''' (составено од зборовите ''[[бугари|бугар'']] и [[грчки јазик|грчкиот збор]] ''φιλία'' - сакање) е термин користен од официјалната [[Република Македонија|македонска]] наука како дефиниција за човек од [[Македонци|македонско потекло]] кој себе си се смета за [[Бугари]]н, т.е. има бугарска национална свест. За време на [[Српска окупација|српската окупација]] на [[Вардарска Македонија]] ([[1912]]-[[1945]]), [[Срби]]те воведуваат термин '''бугараш''' со којшто ги етикетираат сите оние македонски родољуби коишто и се спротивставувале на српската асимилаторска политика, имале изразени македонски чувства и се бореле за автономија на Македонија. Самиот збор '''бугараш''' е од српско потекло (кошаркаш, ногометаш - кошаркар, фудбалер) и нема ништо заедничко со македонскиот јазик. После 1945 година, терминот '''бугараш''', како погрден збор, го употребуваат и комунистите од Македонија како етикета за сите десно ориентирани Македонци и противници на [[СФРЈ|југословенската федерација]]. Многу македонски родољуби се убиени, затворани и испраќани на [[Голи Оток]] како ''бугараши'', зедно со оние кои навистина себеси се чуствувале за [[Бугари]] и работеле за бугарската кауза. Односно тогашната држава не правела разлика меѓу македонските патриоти и бугарофилите и тенденциозно Македонците кои се залагале за самостојно работење буле нарекувани бугараши. Класичен пример е дискредитирањето на [[Методија Шаторов - Шарло]] од страна на [[Тито]] со зборовите ''стариот Бугарин'' или обвинувањето на [[Вера Ацева]] која го тврди следното:
 
{{Цитатник|''Прво, другари, ако се чита писмото на Методија Шаторов-Шарло, напишано по распуштањето на Покраинскиот комитет и неговото сменување од секретар на ПК на КПЈ на Македонија ќе се види дека тој во душата е Бугарин. Целото негово дејствување преку летото 1941 година, како секретар на ПК, беше подредено на тоа Македонија да биде составен дел на Бугарија. Јас лично го познавам, сум работела со него, сум била член на ПК, па според тоа, можам повеќе и да судам'' <ref name="VA"><small>''Дискусија на Вера Ацева, Скопје во НОВ, 1941", Скопје, 1973, стр. 379 [http://star.utrinski.com.mk/?pbroj=1958&pr=9&stID=58722]''</small></ref>}}