Цветан Димов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 56:
Успесите на штрајковите се нижеле, па така Димов имал активно организационо учество во штрајковите на [[чевлар|чевларските работници]] и штрајкот на [[Текстилна индустрија|текстилните работници]] од фабриката „Вардар“. Неговата активна ангажираност се повеќе го вртела вниманието на полицијата. Тие безуспешно го барале за да го уапсат, но тој со своите конспираторски вештини вешто се криел. Тој успеал тајно да ја префрли на Водно печатницата која ја имале во Синѓелиќ, а полицијата не успеала да дознае ни за подготовките за [[Мартовски протести од 1941|мартовските протести]] во 1941 година.<ref name="херои"/>
 
=== Окупација ===
По [[Окупација на Македонија во Втората светска војна|окупацијата на Македонија во Втората светска војна]], Димов учествувал на партиското советување, што се одржа на [[22 јуни]] [[1941]] година во [[Козле]]. Активно учествувал во организирањето и спроведувањето на [[Илинденски демонстрации во 1941|Илинденските демонстрации во 1941]] година. Тој и Партијата сега веќе имале двајца непријател, окупаторот и домашните предавници.<ref name="херои"/>
 
Како секретар на МК на КПЈ во Скопје (од почетокот на [[1942]]), работел на формирањето на [[Втор скопски партизански одред|Вториот скопски партизански одред]], до што дошло на 17 април 1942 година. Кон крајот на мај 1942 година влегува во составот на Привремениот покраински комитет на [[КПЈ]] за Македонија. Но, набрзо, во почеток на јули, по една провала е уапсен. По тешки измачувања, бил фрлен од прозорец од вториот кат на Обласната полициска управа во Скопје од страна на Љубомир Јорданов, началник на групата А на државната безбедност во Обласната полициска управа.<ref>[http://www.znaci.net/zb/4_7_1_1.pdf „Зборник докумената и података o Народноослободилачком рату југословенских народа“, том VII, књига 1, Београд, 1952.]</ref> Набрзо починал во во бессознание во затворското одделение на скопската болница.