Цветан Димов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 48:
Во тој предвоен период се разгорила граѓанската војна во Шпанија и Димов бил цврсто решен да се пријави како активен борец и волонтер во таа војна. Сепак, неговите најблиски другари и кревкото здравје го спречиле да замине за Шпанија.<ref name="херои"/>
 
Во [[1936]] година Димов станал член на Меѓуструковиот синдикален одбор на Скопје а во 1939 година станал член на Месниот комитет на [[Комунистичка партија на Југославија|КПЈ]], на Покраинскиот комитет на КПКПЈ во Македонија (од летото [[1939]] година) и секретар на Покраинскиот одбор на Црвената помош (1939).<ref name="херои"/> Како член на партиските органи, Димов добива поголем број задачи кои ги исполнува успешно и конспиративно. Тој пронаоѓал различни начини и методи за активација на населението и привлекување на работниците. Димов организирал излети во и околу Скопје. Оваа нова форма на масовни собирања, покрај културно-забавниот карактер, биле користени и за целите на работничките движења.<ref name="херои"/>
 
Така, во очите на власта, Димов бил голем непријател и борец против власта. Сепак, тој не застанал со своите активности, па така, организирал големи протести против изборите во Југославија. Тие протести биле посетени од илјадници работници. Последователно на протестите се појавиле поголемиот број штрајкови во Скопје. Најголем од штрајковите бил [[штрајк на металските работници во Скопје |штрајкот на металските работници]] кој траел цели 40 дена. Овој штрајк бил раководен од самиот Цветан Димов. Штрајкот завршил со победа на работниците, за кој тој ќе рече:<ref name="херои"/>
 
{{Цитатник|Секој штрајк е школа за борбено кршевање на работниците. Ако правилно ги извлекуваме и користиме успесите и неуспесите на штрајковите, ние ќе се оспособиме за вистински раководители на народот.<ref name="херои"/>}}
 
Успесите на штрајковите се нижеле, па така Димов имал активно организационо учество во штрајковите на [[чевлар|чевларските работници]] и штрајкот на [[Текстилна индустрија|текстилните работници]] од фабриката „Вардар“. Неговата активна ангажираност се повеќе го вртела вниманието на полицијата. Тие безуспешно го барале за да го уапсат, но тој со своите конспираторски вештини вешто се криел. Тој успеал тајно да ја префрли на Водно печатницата која ја имале во Синѓелиќ, а полицијата не успеала да дознае ни за подготовките за [[Мартовски протести од 1941|мартовските протести]] во 1941 година.<ref name="херои"/>
 
По [[Окупација на Македонија во Втората светска војна|окупацијата на Македонија во Втората светска војна]], Димов учествувал на партиското советување, што се одржа на [[22 јуни]] [[1941]] година во [[Козле]]. Активно учествувал во организирањето и спроведувањето на Илинденските демонстрации во 1941 година.