Цветан Димов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 40:
=== Рани години ===
Цветна Димов е роден на [[5 март]] [[1910]], а во други извори се наведува [[1909]] година. Цветан Димов е син на Ѓорѓија и Коца Димови, сирмашно скопско семејство кое живеело во [[Чаир]]. Семејството се занимавало со [[градинарство]], но често работеле на туѓи земјишни поседи. Своето основно образование во започнал во Скопје и постигнувал солидни резултати, за што неговите родители биле пресреќни. Бидејќи семејството било многу сиромашно, со тага го известуле Цветана дека мора да го напушти образованието и да почне да изучува [[занает]]. Цветан со тешко срце ја прифатил суровата реалност на тогашното време. Започнал да работи како чирак кај различни мајстори и тогаш прв пат ја почувствувал суровата и тешка положба на [[работничка класа|работничката класа]]. Калфа станал на својата 17 годишна возраст и веќе имал определена дневница, која ни приближно не била доволна за дадениот труд.<ref name="херои">Народни херои од Македонија, Наша книга, Скопје, 1973 г., стр. 115-119</ref>
 
Набрзо по станувањето калфа, Цветан запознал некој синдикален белградски активист. Од него Димов дознал дека работниците во другите градови се организирале во [[синдикат|синдикати]] и дека така ги барале своите работнички права. Од човекот добил разни летоци, брошури и книги, кои Цветан ги прочувал во слободно време. Одреден дел од овој период на неговиот живот Димов го поминал во [[Кленовиќ]], каде се лечел од [[туберкулоза]].<ref name="херои"/>
 
Пред [[Втората светска војна]] работел како [[шивач]] и истакнат работнички организатор во [[Скопје]], организирајќи разни [[штрајк]]ови. Во [[1926]] е примен за член во [[СКОЈ]], од [[1928]] година бил синдикален активист, а во [[1933]] година станал член на [[КПЈ]]<ref name="spomenkniga">„Беа, загинаа, останаа“ - спомен книга на загинатите борци во НОВ и жртвите на фашизмот - Скопје. 1969, 10 стр.</ref>