Цветан Димов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 39:
==Биографија==
=== Рани години ===
Цветна Димов е роден на [[5 март]] [[1910]], а во други извори се наведува [[1909]] година. Цветан Димов е син на Ѓорѓија и Коца Димови, сирмашно скопско семејство кое живеело во [[Чаир]]. Семејството се занимавало со [[градинарство]], но често работеле на туѓи земјишни поседи. Своето основно образование во започнал во Скопје и постигнувал солидни резултати, за што неговите родители биле пресреќни. Бидејќи семејството било многу сиромашно, со тага го известуле Цветана дека мора да го напушти образованието и да почне да изучува [[занает]]. Цветан со тешко срце ја прифатил суровата реалност на тогашното време.<ref name="херои">Народни херои од Македонија, Наша книга, Скопје, 1973 г., стр. 115-119</ref>
 
Пред [[Втората светска војна]] работел како [[шивач]] и истакнат работнички организатор во [[Скопје]], организирајќи разни [[штрајк]]ови. Во [[1926]] е примен за член во [[СКОЈ]], од [[1928]] година бил синдикален активист, а во [[1933]] година станал член на [[КПЈ]]<ref name="spomenkniga">„Беа, загинаа, останаа“ - спомен книга на загинатите борци во НОВ и жртвите на фашизмот - Скопје. 1969, 10 стр.</ref>