Институт за национална историја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:ИНИ-Лого.png|мини|десно|250п|Лого на Институтот за национална историја]]
'''Институт за национална историја''' ('''ИНИ''') — државна научна установа основана со уредба на владата на [[Социјалистичка Република Македонија|НР Македонија]] од [[22 јули]] [[1948]] година, со основна задача да ја проучува [[историја на Македонија|историјата на Македонија]] и македонскиот народ, на народностите и на етничките групи што живеат во неа. Со посебен Закон за Институтот за национална историја од [[1965]] година поблиску се определени неговите задачи. Седиштето на Институтот за национална историја е во [[Скопје]]. За прв директор е именуван [[Митко Зафировски]], а денешен директор на Институтот е д-р [[Драги ЃорѓиевЃоргиев]].
 
ИНИ својата дејност ја остварува преку научноистражувачка, издавачка и наставна дејност (последипломските и докторските студии).
 
==Историјат==
Институтот за национална историја низ годините минал низ неколку фази. Првата фаза е четиригодишниот период од 1944 до 1948 година, која се одликува со силно влијание на југословенската и советската историографска школа.<ref name="ИНИ">д-р Марјан Димитријевски: „Историја на Институтот за национална историја“, Скопје, ИНИ, 2013 г., стр. 7-29</ref> Темелите на идејата за создавање на Институт за национална историја биле псотавени на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година.<ref name="ИНИ"/> Бил формиран специјализиран Историски отсек при Главниот штаб на Југословенската армија, за Македонија, со задача да прибира и да подредува архивска граѓа.
 
Во почетокот на 1948 година, кога Институтот се наоѓал во фаза на организациско оформување, бил формиран Научен совет како претходница на Институтот.<ref name="ИНИ"/> Во напорите за прибирање изворни материјали и за формирање библиотечни фондови, најголем придонес имал еден од основоположниците на ИНИ, д-р [[Љубен Лапе]], кој во 1946 година учествувал во преземање на библиотеката и архивата од Македонскиот научен институт во Софија, што е донесена во НР Македонија.
Ред 30:
 
== Директори на ИНИ==
* [[Митко Зафировски]] (1 август 1948 - 1 септември 1949)<ref name="ИНИ 1">д-р Марјан Димитријевски: „Историја на Институтот за национална историја“, Скопје, ИНИ, 2013 г., стр. 111</ref>
* [[Методија Соколоски]] (1 септември 1949 - 1 април 1950) (1 август 1956 - 1 декември 1960)
* [[Данчо Зографски]] (1 април 1950 - 1 октомври 1950) (1 април 1983 - 31 март 1986)
* [[Ѓорѓи Абаџиев]] (1 септември 1950 - 1 април 1952)
* [[Љубен Лапе]] (1 април 1952 - 1 август 1956)
* [[Александар Христов]] (1 декември 1960 - 1 декември 1964) (1 април 1979 - 1 април 1983)
* [[Михаило Апостолски]] (1 јануари 1965 - 31 декември 1970)
* [[Глигор Тодоровски]] (1 јануари 1971 - 31 декември 1974)
* [[Орде Иваноски]] (1 јануари 1975 - 1 мај 1979)
* [[Манол Пандевски]] (1 април 1986 - 3 април 1987)
* [[Владо Ивановски]] (15 април 1987 - 5 декември 1995)
* [[Новица Велјановски]] (5 декември 1995 - 2001)
* [[Тодор Чепреганов]] (2001 - 2012)
* [[Драги Ѓоргиев]] (2012 - сè уште)
 
== Поврзано ==