Ески турбе (Бахчисарај): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
 
Во [[2013]] година биле направени археолошки иследувања според кои датумот на градба би можело да биде од XVII век.
 
== Архитектура ==
 
Самиот објект бил изграден со голема вештина, главно поради својата прецизност на ѕидовите и вештата изработка на деталите. Турбето е единствениот примерок во околината кој не е изграден од бел варовник, туку од жолт камен<ref>{{Cite web|url=http://www.graal.org.ua/en/articles/crimean-gothia/83-bahchisarai|title=Бахчисарай: следы исчезнувшего города|publisher=graal.org.ua}}</ref>.
 
Структурата на објектот е асиметрична. Се состои од два дела на различни височини: објектот со куполата и дворот што се граничи со нејзината јужна фасада. Дворот има форма на квардат и е заграден со седум арки. Претходно во дворот постоело фонтана{{sfn|Бабенко, Дюличев|2008|с=204}}. Во дворот може да се дојде само од страната на турбето{{sfn|Бабенко, Дюличев|2008|с=204}}. Веројатно, објектот првично бил замислен како семејна гробница{{sfn|Бабенко, Дюличев|2008|с=204}}.
 
Според некои претпоставки, првично куполата имала облик на пирамида и била покриена со олово. Според В.А. Боданински, куполата била силно оштетена со удар на гром во 1880-тите години. Главниот влез во гробот е од исток. Се наоѓа во длабок правоаголен портал.
 
Според ориенталистот И.А. Орбели, архитектонскиот стил на Ески турбе бил позајмен од [[Ерменци]]те. Архитектурата на турбето можеби била дополнителна инспирирана за градителите на Ханскиот дворец.