Ески турбе (Бахчисарај): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Ески турбе ({{lang-crh|Eski Dürbe}} — „''стара гробница''“) — најстара гробница на [[Бахчисарај]], изградена, според некои информации, во XIV век, долго пред [[Хански дворец (Бахчисарај)|дворецот Бахчисарај]]. Објектот претставува споменик на архитектурата<ref>{{Cite web|url=http://zakon4.rada.gov.ua/laws/show/970-63-%D0%BF|title=Про впорядкування справи обліку та охорони пам'ятників архітектури на території Української РСР Рада Міністрів УРСР; Постанова від 24.08.1963 № 970|publisher=zakon4.rada.gov.ua}}</ref>. Се наоѓа на падината на левиот брег на реката Чурук-Су, 180 метри југоисточно од [[Хански дворец (Бахчисарај)|Ханскиот дворец ]].
 
== Историја==
 
Ески турбе претставува споменик со архитектонско и историско значење, изградено во времето на [[Златна Орда|Златната Орда]]. Сепак, гробот е слабо испитан, па дури не е познато точно кој е погребан во него.
 
Заменик-генералниот директор за истражување на музејот на Бахчисарај во една изјава истакнал дека за турбето постојат единствоено усни легенди, според кои овде се наоѓа гробницата на некој бег чиј сопствен имот се наоѓал во околината на денешен Бахчисарај. Овој бег се викал Дере-бег, но освен неговото име, за него не е познато зошто го нашол своето последно засолниште тука. Во секој случај, во ниеден пишан извор не е наведено лице со тоа име<ref name="Ескі2">{{cite web |url= http://1k.com.ua/514/details/2/1|title= Археологические загадки Бахчисарая|publisher= 1k.com.ua}}</ref>.
 
Претходно, Ески турбе бил опкружен со гробишта.
 
Во [[1927]] година, под надзор на директорот на музејот Бахчисарај, започнала реставрација. Куполата била поправена, а била направена и железна врата<ref name="handvorec"/>. Во [[1965]] година била извршена уште една поправка кога ѕидовите биле поправени а куполата покриена со цемент. Во средината на 1990-тите, куполата била покриена со лимови од галванизирано железо.
 
Во [[2013]] година биле направени археолошки иследувања според кои датумот на градба би можело да биде од XVII век.