Бели мугри (награда): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Статија за поетската награда „Бели мугри“
(нема разлика)

Преработка од 15:20, 7 мај 2018

Наградата „Бели мугри“ е награда за најдобар поетски ракопис за автор до 35-годишна возраст која ја доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје. Наградата се врачува на 20 декември на манифестацијата „Денови“, која оваа установа ја организира традиционално во чест на раѓањето на македонскиот поет и културно-општествен деец Кочо Рацин.

Добитници

Досегашни добитници на наградата „Бели мугри“ се некои од позначајните македонски поети од помладата генерација: 2009 - Маја Апостолоска („Именувањето“) 2010 - Жарко Кујунџиски („Мојата Сузан повторно девојка“) 2011 - Елена Пренџова („Пораки од морето“) 2012 - Звонко Танески („Нежност без гарантен лист“) 2013 - Снежана Стојчевска („Под нулата“) 2014 - Марта Маркоска („Црни дупки во нас“) 2015 - Марина Мијаковска („Постела на тишината“) 2016 - Стефан Марковски („Сиво сјаат вселените“) 2017 - Надица Лешниковска („Кирија за срце“)